Контакт

Македонија

Премиерно прикажан документарниот филм за мајка Тереза

Објавено пред

Документарниот филм „Натежнати брегови“ посветен на младоста на Гонџа Бојаџиу – мајка Тереза, синоќа беше премиерно прикажан во Крушево

Документарниот филм „Натежнати брегови“ посветен на младоста на Гонџа Бојаџиу – мајка Тереза, синоќа беше премиерно прикажан во Крушево.

Премиерата на овој документарец беше проследена со голема посетеност и интерес на летната сцена на Гумење, каде се одржува културната манифестација „Десет дена Крушевска Република“.

Претставувајќи го чекорењето на Гонџа Бојаџиу по патиштата на нејзината младост, авторите преку сведоштва во 40 минутниот филм, ја прикажуваат хуманоста и богољубието на мајка Тереза, која доби Нобелова награда и е прогласена за блажена.

Крушевската публика посебно сочувствуваше со делот од филмот во кој е прикажано како Тоше Проески бил инспириран од мајка Тереза и исполни една песна во која упатил порака за идната светица. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Маричиќ за 9 Мај: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана

Објавено пред

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес честитајќи го Денот на Европа и Денот на победата врз фашизмот порача дека идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана. Осврнувајќи се на денот кога светот ја одбележува победата врз фашистите, министерот за правда на социјалните мрежи напиша дека речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против фашизмот, кој никогаш не смееме да се врати во која било форма.

„ Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Северна Македонија. За време на Втората светска војна, Македонците без двоумење застанаа на вистинската страна на историјата и заедно со антифашистичкиот фронт победија. Речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против
злото кое никогаш не смееме да се врати во која било форма и тоа не смееме да се заборавиме.Исто така не смее да се заборави идејата за
обединета Европа која се роди петнаесетина години подоцна преку Шумановата декларацијата. Обединети во различностите, со заемна почит едни кон други кон траен мир и просперитет. Нашата земја природно припаѓа кон Европската унија. Направивме многу реформи за наша интеграција и очекуваме ЕУ да ги потврди вредностите на кои се темели и процесот за конечно обединување на континентот да продолжи. Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана, напиша Маричиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делегација од кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот

Објавено пред

Делегација од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски по повод Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, им оддадоа почит на борците.

Делегоацијата која беше во состав Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 436 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 324 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 40 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија42 минути

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија53 минути

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија2 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет2 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија3 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет4 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет16 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион17 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт18 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ21 час

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија22 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија22 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија1 ден

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија2 дена

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија2 дена

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Досие