Македонија
МБИ10 со раст од 1,04 отсто
Вкупното тргување при денешниот трговски ден на македонската берза изнесуваше 5.569.026,66 денари, а МБИ-10 оствари пораст од 1,04%
Вкупното тргување при денешниот трговски ден на македонската берза изнесуваше 5.569.026,66 денари, а МБИ-10 оствари пораст од 1,04% при што се постигна ниво од 2.496,51 индексни поени.
Прометот на официјалниот пазар се оствари промет од 3.707.339,66 денари при реализирани 52 трансакции, а на редовниот пазар изнесуваше 1.861.687,00 денари при реализирани 27 трансакции.
Дел од прометот на редовниот пазар беше и тргувањето со приоритетната акција на Стопанска Банка Скопје со која се оствари промет од 28.000,00 денари при истргувани 70 акции по цена од 400,00 денари, а беше реализирана преку една трансакција.
МБИД изгуби 0,40% од вредноста и се позиционираше на ниво од 2.307,66 индексни поени. ОМБ се намали за незначителни 0,02% со вредност која на крајот од тргувањето изнесуваше 102,51 индексни поени.
Најтргувана акција на официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 1.312.620,00 денари при истргувани 293 акции. Се формираше просечна цена од 4.479,93 денари која се зголеми за 0,42% на дневна основа.
Втора по промет од официјалниот пазар беше акцијата на Реплек Скопје со остварен промет од 521.495,00 денари. Просечната цена од 47.408,64 денари значеше раст од 1,52% и притоа беа истргувани 11 акции.
Со државната обврзница за денационализација од третата емисија се оствари промет од 489.631,65 денари при истргувани 9.530 обврзници. Реализираната просечна цена од 84,00% не донесе промена во однос на претходниот трговски ден.
Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Картонтекст Свети Николе со промет од 894.320,00 денари, а се истргуваа 280 акции. Просечната цена беше 3.194,00 денари што беше без промена.
Македонски Телеком оствари промет од 416.002,00 денари при истргувани 1.092 акции. Се оствари просечна цена од 380,95 денари, а порастот изнесуваше 1,29%
Макпетрол Скопје објави ценовно чувствителна информација според која согласно усвоената одлука на собранието на акционерите на Макпетрол од 31.05.2009 година, на денешен ден 05.08.2009 година акционерското друштво извршило исплата на дивиденда.
Макотекс Скопје објави биланс на успех за период од 01.01.2009 до 30.06.2009 година.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Алкалоид Скопје
2. Картонтекст Свети Николе
3. Реплек Скопје
4. Р.Македонија – Денационализација 03
5. Македонски Телеком Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 24,65%
2. Макстил Скопје 6,67%
3. Реплек Скопје 1,52%
4. Македонски Телеком Скопје 1,29%
5. Комерцијална Банка Скопје 1,05%
Хартии од вредност со најголем пад
1. РЖ Услуги Скопје 7,01%
2. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 4,55%
3. РЖ Интер-Трансшпед Скопје 3,45%
4. Гранит Скопје 0,83%
5. ОКТА Скопје 0,78%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

