Македонија
Софија со порака за „бугарска самосвест“ во Македонија
Новата бугарска влада е цврсто решена да декларира појасна заштита и поддршка на граѓаните со бугарска самосвест, кои живеат во странство
Новата бугарска влада е цврсто решена да декларира појасна заштита и поддршка на граѓаните со бугарска самосвест, кои живеат во странство, вели портпаролот на министерството за надворешни работи Драговест Горанов
Тој рече дека бугарската вербална нота до Македонија по повод случајот со Спаска Митрова треба да биде толкувана од гледна точка на поактивната политика на новата влада кон сонародниците и луѓето со бугарска самосвест, кои живеат надвор од територијата на Бугарија.
„Очекуваме официјална реакција од Македонија на нашите прашања за случајот со Спаска Митрова. Засега немаме ниту писмен, нито усмен одговор на испратените од нас прашања“, рече Горанов за агенцијата Фокус.
„За околу една седмица треба да добиеме одговор, ако не добиеме – имаме и други можности и со други средства да го поставиме тоа прашање“, додаде тој.
Прашан дали Бугарија може да се спротистави на одлуката за подигнувањето на визниот режим меѓу Македонија и ЕУ поради Митрова, Горанов одговара.
„Ние треба да ги исцрпиме сите други можности и да добиеме јасен одговор од страна на македонските власти во Скопје, дека тие имаат искрена желба да станат членови на Европската унија, оти треба да ги исполнат сите барања и ние следиме дали тие одговараат на тие барања. За нас е подобро да ги научиме да ги почитуваат, а не да ставаме ѕид“
Македонското МНР вчера реагираше бугарската вербална нота.
„Двете држави не смеат да дозволат злоупотреба на државјанствата и пасошите како алиби за бракоразводни проблеми или затајување данок, на пример, како во случајот со ексминистерот за здравство Владо Димов. Очекуваме бугарските власти да се дистанцираат од оваа класична манипулација со човечки судбини, бидејќи односите меѓу двете пријателски земји не смеат да бидат во заложништво на луѓе што бараат покритие за своите семејни недоразбирања и криминални дејства“, се наведува во реакцијата на македонското МНР.
Митрова е на издржување на тримесечна затворска казна, ова Бугарија го толкува како тормозење на свој државјанин./крај/ф/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

