Македонија
Нови заболени од А(Х1Н1), вкупно 37 случаи во Македонија
Осум нови случаи на заразени со новиот вирус на грип А(Х1Н1) се регистрирани од вчера до денеска
Осум нови случаи на заразени со новиот вирус на грип А(Х1Н1) се регистрирани од вчера до денеска, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Македонија се искачи на 37 лица.
Ова денеска го соопштија од Институтот за јавно здравје по најновите анализи. Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне добиени се резултати за пет нови потврдени за позитивен наод од новиот тип на грип А Х1Н1, додека во тек на денешниот ден позитивен наод е потврден кај дополнителни тројца пациенти.
Пациентите се вратени од летувања од Црна Гора, Бугарија, како и еден странски државјанин од Јапонија.
Новопримените болни се фебрилни, со стабилни витални параметри и подобрување на општата состојба. Здравствената состојба на претходно примените болни е подобрена. Шест пациенти се амбулантски прегледани, дадена им е терапија и пуштени се на домашно лекување под надзор на инфектолог и епидемиолог.
Институт за јавно здравје соопшти дека во моментот на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 10 болни, а таму досега се лекувани вкупно 114 пациенти./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

