Македонија
15 000 денари за родилката на четирите бебиња
Еднократна парична помош во износ од 15.000 денари, денеска и врачи Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, на родилката
Еднократна парична помош во износ од 15.000 денари, денеска и врачи Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, на родилката на четирите новороденчиња, Сибела Цамовиќ.
Помошта е врачена за време на денешната посета на Бајрами на Гинеколошко-акушерската болница Чаир, каде што Цамовиќ завчера се породи.
Тој ги информираше родителите и за правото за користење родителски додаток утврдено со Законот за заштита на децата, согласно кое во наредните 15 години ќе добиваат 70 проценти од просечно исплатената плата во државата.
Ова е прва четворка зачната по природен пат во Гинекологијата Чаир, а во целата држава пак е втора или трета./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.