Македонија
Најтргувани обврзницата за денационализација
Вкупниот промет на македонската берза deneska изнесуваше 7.691.844,53 денари при што беа реализирани 85 трансакции
Вкупниот промет на македонската берза deneska изнесуваше 7.691.844,53 денари при што беа реализирани 85 трансакции.
Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 6.736.602,53 денари, а реализирани беа 68 трансакции, а на редовниот пазар се оствари промет од 955.242,00 денари при реализирани 17 трансакции.
МБИ-10 оствари пад од 1,19% завршувајќи го денот so 2.482,46 индексни поени, МБИД се зголеми за 0,46%, а вредноста му беше 2.267,67 индексни поени, a ОМБ се намали за незначителни 0,04% позиционирајќи се на 103,46 индексни поени.
Најтргувана беше државната обврзница за денационализација од седмата емисија со промет од 2.542.361,03 денари при истргувани 53.264 обврзници. Просечната цена изнесуваше 78,00% од номиналната вредност која беше без промена на дневна основа.
Комерцијална Банка Скопје оствари промет од 1.224.475,00 денари при истргувани 505 акции. Просечната цена од 2.424,70 денари значеше зголемување од 2,43%. Минималната цена по која се тргуваа акциите беше 2.420,00 денари, а максималната 2.500,00 денари.
Со акцијата на Макпетрол се оствари промет од 646.050,00 денари, а беа истргувани 17 акции. Постигната беше просечна цена од 38.002,94 денари при намалување од 0,78% на дневна основа.
На редовниот пазар најтргувана беше Македонски Телеком Скопје со промет од 530.400,00 денари. Просечната цена изнесуваше 390,00 денари и беше намалена во однос на претходниот трговски ден за 0,04%.
Стопанска Банка Скопје оствари промет од 313.160,00 денари со просечна цена од 216,27 денари при пад од 0,10%. Вкупно се истргуваа 1.448 акции.
Акционерските друштва Жито Вардар и Тутунски Комбинат објавија неревидиран биланс на успех за период од 01.01.2009 до 30.06.2009 година.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 07
2. Комерцијална Банка Скопје
3. Макпетрол Скопје
4. Македонски Телеком Скопје
5. Реплек Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 4,76%
2. Бетон Скопје 2,19%
3. Р.Македонија – Денационализација 06 1,27%
4. Топлификација Скопје 0,09%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 19,50%
2. Жито Вардар Велес 9,09%
3. ЗК Пелагонија Битола 3,55%
4. Комерцијална Банка Скопје 2,43%
5. Алкалоид Скопје 1,50%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

