Македонија
Почнаа работите за осовременување на тетовската болница

Тетовската клиничка болница од идната година треба да има свој Дијагностички центар, јави дописникот на Макфакс
Тетовската клиничка болница од идната година треба да има свој Дијагностички центар, јави дописникот на Макфакс.
После седум години од отпочнувањето, денеска продолжи градбата на објектот кој, според најавите ќе биде најсовремено опремен.
Современата апаратура ќе овозможи компјутерски снимања: томографија, магнетна резонанца, лабораториски прегледи.
Дијагностичко-ургентниот центар ќе чини 204 милиони денари, средства обезбедени од Владата
На денешната свеченост во Тетово, министерот за здравство, Бујар Османи посочи дека приоритет е окрупнување на болниците заради “рационализација на ресурсите, растоварување на Клиничкиот центар во Скопје и обезбедување на квалитетно здравство за жителите од овој регион.”
Според Османи, околу 100 милиони евра ќе бидат обезбедени за реконструкција на болниците во земјава.
Директорот на Тетовската Клиничка болница, д-р Атила Реџепи посочи дека во оваа институција здравствени услуги бараат околу 300 илјади жители, а со новиот Центар ќе се овозможи да добијат и квалитетни здравствени услуги што ќе бидат овозможени со инсталирањето на современата опрема./крај/сс/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ивановска: Време е да ѝ објавиме војна на корупцијата во општина Центар

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција.
– Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија, истакна Марковски.
Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар. Излезете слободно, независно и гласајте за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа. Гласај за 149 за градоначалник на општина Центар, посочува Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на Центар на „Независни заедно“.
„Нема силни општини без советите“ Јана Белчева Андреевска ги повика скопјани да гласаат за советничката листа на Независни заедно и да го заокружат бројот 35.
– Советите треба да добијат стручни и независни советници, кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе дискутираат за релевантни теми. Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот, истакна Белчева Андреевска.
Јане Димески, носител на советничка листа за Општина Центар ги повика центарци га гласаат за бројот 39.
– Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните, истакна Димески.
Македонија
Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата.
„Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го спасите по четири години уништување. Нашиот град не може да издржи уште четири години уништување, импровизации, партиски бизниси и некомпетентност. В недела ве повикувам со срце и разум да гласате за единствената конкретна програма и понуда. Гласајте за вашиот дом, за бројот 5 затоа што вие заслужувате чист, зелен и функционален град. За моите противкандидати, ве повикувам сите да придонесеме недела да биде празник на демократијата, на слободата на одлучувањето и почитувањето на волјата на нашите граѓани. Се гледаме во вториот круг“, рече Шукова.
Таа потсети дека нејзиниот план за Скопје е јасен – повеќе зелени површини, нови паркови и ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
„Знаеме како да го направиме Скопје град што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро“, рече Шукова.
Повика скопјани да излезат на гласање и да се изборат за „нашиот дом“.
Македонија
Божиновска со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор во Лондон: заинтересираност за зајакнување на инвестиците во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со три водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор – Anglo American, Central Asia Metals (CAML) и Pacific Green.
Средбите беа фокусирани на унапредување на соработката со британските компании кои се глобални предводници во примената на иновативни и одржливи технологии во рударството и енергетиката, со акцент на одговорно рударство, енергетска безбедност и зелена транзиција.
Претставниците на компаниите истакнаа дека се сериозно заинтересирани да го зајакнат своето присуство и инвестиции во Македонија, почитувајќи ги националните закони и европските стандарди за заштита на животната средина, безбедност и социјална одговорност.
На средбата со Pacific Green, компанија специјализирана за развој на системи за складирање на електрична енергија и интеграција на обновливи извори, разговорот беше фокусиран на можностите за примена на батериски системи за складирање енергија, кои се клучен сегмент во модерната енергетика. Божиновска истакна дека со новиот Закон за енергетика, Македонија за првпат предвидува воведување на батериски системи за складирање енергија, со што државата фаќа чекор со современите светски трендови и создава услови за поефикасно користење на обновливите извори и стабилен електроенергетски систем.
„Македонија ја гледаме како земја која создава предвидлива и транспарентна рамка за инвеститорите. Новиот законски и институционален амбиент овозможува инвестиции кои се во согласност со највисоките стандарди на одговорно рударство, енергетска безбедност и заштита на природата,“ изјави Божиновска.
Компаниите Anglo American и CAML, кои веќе имаат присуство во земјата, го поздравија донесувањето на новиот Закон за минерални суровини, со кој се воспоставуваат јасни и транспарентни правила за работење, што ја зајакнува довербата кај странските инвеститори и го поттикнува развојот на модерно и еколошки одговорно рударство.
Раководните лица на двете компании го изразија своето задоволство од формирањето на новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, оценувајќи дека воспоставувањето на посебна институција која се грижи исклучиво за овој сектор е значаен чекор за подобра координација, брза комуникација и стратешко управување со ресурсите. Тие ја изразија својата благодарност за професионалниот пристап на Министерството и ја оценија оваа институција како место каде што инвеститорите конечно имаат конкретен и компетентен партнер за соработка, поддршка и решавање на прашања од областа на енергетиката и рударството.
Божиновска нагласи дека Владата е посветена на тоа Македонија да биде партнер на сериозни и одговорни компании, кои работат според европски стандарди, вложуваат во иновативни и еколошки технологии и придонесуваат кон локалниот економски развој.
„Нашата визија е јасна – да ја изградиме Македонија како регионален пример за балансиран развој на енергетиката и рударството, каде што економскиот раст оди рака под рака со заштитата на животната средина и благосостојбата на заедниците,“ додаде таа.
Anglo American, CAML и Pacific Green се препознаени како современи компании што ја интегрираат одржливоста, безбедноста и иновациите во своето работење, со што го потврдуваат потенцијалот за натамошна, продлабочена соработка со македонскиот енергетски и рударски сектор.