Македонија
Водата од изворот на Св. Петка во Охрид не е безбедна за пиење
Водата од изворот на црквата Св. Петка, лоцирана во непосредна близина на комплексот цркви „Свети Наум“ во Охрид не е безбедна за пиење
Водата од изворот на црквата Св. Петка, лоцирана во непосредна близина на комплексот цркви „Свети Наум“ во Охрид не е безбедна за пиење.
Ова го утврди Дирекцијата за храна при Министерството за здравство по спроведувањето на службена контрола.
Лабораториските испитувања на примероци вода земени од изворот укажуваат на микробиолошка неисправност.
При самата контрола поставена е табла во непосредна близина на изворот со содржина „Водата не е за пиење”, но на 10. август при повторна контрола утврдено е дека таблата е отстранета. Истата е повторно оставена вчера на инсистирање на Државниот инспектор за храна./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

