Македонија
Шпанија ја совлада Македонија

Европскиот шампон Шпанија за неколку минути успеа да постигне три гола и да победи против Македонија со 3:2 на пријателскиот фудбалски натпревар што
Европскиот шампон Шпанија за неколку минути успеа да постигне три гола и да победи против Македонија со 3:2 на пријателскиот фудбалски натпревар што синоќа се одигра во Скопје.
Македонија поведе во првото полувреме со 2:0, со головите на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Првиот гол Пандев го постигна во осмата, а вториот во 33-та минута.
Меѓутоа во второто полувреме Шпанците брзо се вратија за победа. Прво погоди Фернандо Торес во 51-та, во 54-та гол постигна Жерар Пике и во 56-та за победа погоди Алберт Риера.
Кон крајот на мечот Македонија преку Стојков и Тасевски можеше да го изедначи резултатот, но нашите фудбалери во завршницата не се снајдоа најдобро.
Натпреварот на Арената Филип Втори во Скопје, на кој се славеше 100 години ФФМ и фудбал во Македонија, како пуштање во употреба на северната трибина, го следеа над 20 илјади гледачи./крај/ил/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време и температура до 34 степени

Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите.
„Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да одите по гробиштата“, рече таткото.
Тој ги повика кочанчани да не стравуваат ако им се врши притисок оти мнозинството секогаш победува. Ги повика и членовите на општинските комитети од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да им се придружат.
„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече таткото.
Родителите како и претходните саботи маршираа низ градот, со слики од децата во рацете. Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Македонија
Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.
„Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 24 часа овозможија донацијата да стигне до нас“, велат од „Супорт Кочани“.
Се додава дека донацијата е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.