Македонија
Втор испитен термин од државната матура
Првиот ден од полагањето во вториот испитен термин од државната матура се одржа денеска, соопшти Министерството за образование и наука
Првиот ден од полагањето во вториот испитен термин од државната матура се одржа денеска, соопшти Министерството за образование и наука.
За денешното полагање, беа пријавени 837 ученици. Македонски јазик полагаа 411 ученик, албански јазик 414 матуранти, а 12 ученици полагаа турски јазик.
Набљудувачите на тестирањето од Бирото за развој на образованието не регистрираа никакви проблеми во текот на првиот испитниот ден од августовскиот испитен рок.
Матурантите, во сабота ќе полагаат државна матура по предметите математика и странски јазик. За предметот математика пријавени се вкупно 730 матуранти, додека за англиски, француски, германски и руски јазик, пријавени се 1.294 ученици
Државната матура ја организира и спроведува Државниот испитен центар во соработка со училиштата, надворешни соработници, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Центарот за стручно образование и обука./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

