Македонија
Бгнес: Иванов ќе го разгледа случајот Спаска Митрова
Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов ветил дека во наредните денови лично ќе се заинтересира за случајот Спаска Митрова
Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов ветил дека во наредните денови лично ќе се заинтересира за случајот Спаска Митрова.
Бугарската новинска агенција Бгнес пред малку објави вонредна вест дека поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов имал телефонски разговор со македонскиот претседател Иванов на тема Спаска Митрова.
Македонскиот претседател го уверил Стојанов дека во следните денови лично ќе го разгледа овој случај и ќе преземе соодветни дејствија, кои што можат да доведат до ослободување на Митрова од затвор, се вели во веста на Бгнес.
Агенцијата најави дека Стојанов вечер во ТВ емисија кај извесниот бугарски новинар Велизар Енчев детално ќе информирал за својот разговор со Иванов.
Бугарската јавност и медиуми дигнаа голема врева околу случајот „Спаска Митрова”, која покрај македонското има и бугарско државјанство.
Таа е на издржување затворска казна бидејќи не му дозволувала на поранешниот сопруг да се гледа со детето, а бугарските медиуми на целиот случај му дадоа политичка заднина.
Макфакс се обиде да стапи во контакт со претставници од Кабинетот на Претседателот, но надлежните за односи со јавност не беа достапни./крај/бгнес/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

