Македонија
Политички реакции за вчерашниот инцидент

ДПА ја повика ДУИ веднаш да ја напушти власта, СДСМ бара некој во МВР да понесе политичка одговорност, а ВМРО ДПМНЕ ја осуди вчерашната тепачка
ДПА ја повика ДУИ веднаш да ја напушти власта, СДСМ бара некој во МВР да понесе политичка одговорност, а ВМРО ДПМНЕ ја осуди вчерашната тепачка помеѓу „Комитите“ жителите на Нерези
ДПА смета дека владата на Македонија уште еднаш покажала дека Aлбанците се граѓани до втор ред и дека секој можел да ги тепа и за нив никој не се интересира.
„Вчерашниот случај каде група македонски хулигани тепаа Aлбанци среде Скопје, демолираа коли и домови, малтретираа жени и деца, личи на Кристалната вечер во Берлин, кога нацистите нападнаа се што не е германско“, се вели во реакцијата на ДПА, во која се апелира до ДУИ веднаш да ја напушти владата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе стори се да се спротистави на насилството и на неговата политичка злоупотреба.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го осуди инцидентот и потенцираше дека за партијата е неприфатливо и за осудување секаков чин на насилство и агресивно однесување.
Опозиционата СДСМ најостро го осуди вчерашниот инцидент и побара од надлежните институции веднаш да ги пронајдат и соодветно санкционираат сите инволвирани .
„Мора да има казни и за навивачите кои вчера вандалски постапуваа, но и за жителите на Нерези кои го блокираа мостот “Обединети Нации“ и кои се обидоа сами да ја тераат правдата“, реагира СДСМ.
Оваа партија смета дека некој во МВР мора да понесе политичка одговорност заради неодговорно однесување и пропусти во својата работа
„Надлежните во МВР морале да предвидат дека при ваков спортски настан постои висок ризик од инциденти и да ги превземат сите соодветни мерки тие да бидат спречени“, се вели во реакцијата на СДСМ. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.