Македонија
Кампања за заштита на жртвите на Мобинг

Заштита на вработените жртви на Мобинг – малтретирање на работните места, како и застапување на нивните права
Заштита на вработените жртви на Мобинг – малтретирање на работните места, како и застапување на нивните права е цел на проектот на невладини организации, претставен денеска во Скопје. „Мобинг – Информирај се и препознај го” е мотото на организацијата која се залага за заштита на жртвите на работни места и дискриминарите работници. Во овој проект се вклучени здруженија на граѓани од Скопје, Тетово, Гостивар и Штип.Главна цел е проектот да создаде мрежа на прва генерација на здруженија на граѓани, кои ќе ги застапуваат правата на жртвите на „мобинг”, преку обуки кампањи и размена на искуства, рече денеска на прес конференција во Скопје раководителката на проектот Катерина Миленкова.Во проектот ќе бидат е вклучени и организации од други градови, но и работодавачи во јавните институции и приватните компании, вработени и невработени, како и претставници на трудова инспекција, психолози, психијатри, лекари, правници, претставници на општините и министерствата . Активности ќе се реализираат низ тренинг работилници, кампањи и други активности, а подготвена е и интернет страница -њњњ.моббингнет.орг, која веќе е достапна за заинтересираните./крај/р
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)