Македонија
Ден на жалост е денеска во Македонија
Ден на жалост е денеска во Македонија поради трагичната несреќата што во саботата се случи на Охридското езеро,
Ден на жалост е денеска во Македонија поради трагичната несреќата што во саботата се случи на Охридското езеро, откако потона бродот „Илинден“ кој превезувал поголема група туристи од Бугарија.„Веднаш по потонувањето на бродот ’Илинден’, владините институции ги презедоа сите неопходни мерки и активности со цел да не дојде до поголема трагедија. За жал, според последните информации што ги имаме, од вкупно 57 лица кои биле на бродот, вклучително и две лица од екипажот, животот го загубија 15 патници, државјани на Република Бугарија“, се наведува во соопштение на македонската влада, издадено по вчерашната вонредна владина седница.Македонскиот претседателЃорге Иванов вчеравечер во Охрид се сретна собугарскиот претседателГеорги Прванов. На средбата, Иванов го информирал Прванов за ситесознанија во врска со настанот и упатил сочувство досемејствата на загинатите и до бугарскиот народ. Иванов најавил дека ќе продолжи брзото спроведување на сите потребни дејства за да се утврдат околностите кои довеле до трагедијата, како ида им се помогне на повредените граѓани и да им се пружи потребната поддршка на семејствата на загинатите.Причините за несреќата официјално се уште не се познати. Најверојатно причина за трагедијата е пукање на сајла со која се одржува балансот на бродот е првата оценка на стручните екипи.Бродот „Илинден“, кој е произведен во 1924 година балансот го одржувал со помош на метални сајли.Се претпоставува дека едната од салите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и веднаш потоналСпоред соопштението на македонската Влада, првичните претпоставки за причините за несреќата се дека бродот бил претоварен и имал значително повеќе патници од дозволеното. Во моментот на потонувањето на бродот „Илинден“ имало повеќе од 43 патници, за колку што бродот бил регистриран.Кратко време по несреќата во Охрид пристигна државно – владиниот врв, а доцна попладнето и претседателот на Бугарија.По повод трагичната несреќа, Бугарија за в понеделник прогласи ден на жалост /крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

