Македонија
Биенале – продолжуваат настапите на младите уметници

Италијанскиот композитор Џорџо Мирто вечерва ќе настапи со Sesteto Toscanini во Музејот на град Скопје во рамки на Биеналето
Италијанскиот композитор Џорџо Мирто вечерва ќе настапи со Sesteto Toscanini во Музејот на град Скопје во рамки на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот.Композиторот Мирто најави дека делото што ќе биде изведено е инспирирано од називот на Биеналето „Седум порти“ и истото ќе биде отсвирено од ансамбл од шест инструменти, кларинет, пијано, виолончело, ударни инструменти.Ирско трио на виолина „Fidil“ свој настап ќе има на плоштадот Македонија во 22.15 часот, додека на Школка во Градскиот парк на полноќ ќе настапат Shams and friends of the sea од Египет.Еден час подоцна на Школка свој настап ќе имаат и Imukan од Алжир. Два часот по полноќ е резервиран за диџејот од Велика Британија, James Kelly.Според програмата, денеска ќе се одржат и голем број театарски, ликовни и танцови перформанси. Четиринаесетото биенале до 12 септември ќе претстави над 700 млади уметници од 43 држави./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стојаноски: Интерпелацијата за Тошковски e доказ за глодарство и злоба

Интерпелацијата e доказ за глодарство, злоба и бескруполозност на политички актери кои што немаат никаков друг интерес, освен политичко профитерство, изјави пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница каде што се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски.
„Имаме можност денес да дебатираме по поднесената интерпелација за министерот Панче Тошковски. И мислам дека неколку работи денес треба да бидат кажани, директно кажани, јасно со цел да растуриме некои премиси кои што се создаваат во јавноста, како и која е целта на ова интерпелација, затоа што сметам дека многу неискреност има и многу зборови се споменаа во досегашните дискусии како морал, како одговорност, а за несреќа на оваа држава барем во претходните десет години можеме да направиме еден пример како се поставува по ваква трагедија, а како се постапувало, или не се постапувало во претходниот период, но и да видиме една одвратна малодушност и политички рефлектирано глодарство кое се граничи со мизерни и нечовечки особини“, рече Стојаноски на денешната собраниска седница каде што се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски.
Стојаноски е категоричен дека за поднесената интерпелација ќе биде потппишан писмен доказ за глодарство и злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес освен политички да профитираат.
Македонија
Таравари на локалните оди со посебни советнички листи: Нема враќање назад

Министерот за здравство и лидер на едното крило од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не отстапува од одлуката на локалните избори да одат со сопствени советнички листи иако на власт дојдоа како дел од коалицијата „Вреди“, која се подготвува да прерасне во една политичка партија.
„Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сè друго сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори“, рече Таравари денес при посетата на вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“.
И денес тој уверуваше дека владината коалиција е стабилна и има редовна комуникација со премиерот со кого очекува средба откога ќе се врати од службено патување.
Неговите досегашни коалициски партнери од „Вреди“, пак, сметаат дека Таравари сам се исклучил од коалицијата и треба да си замине и од Владата оти не може и да биде дел од Владата и да преговара со ДУИ.
Македонија
Крмов побара родителите на настраданите од Кочани да присуствуваат на седницата, Гаши не дозволи

Пратеникот на политичката партија Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски побара во законодавниот дом да бидат пуштени родителите на загинатите деца од дискотеката во Кочани, кои протестираа пред Собранието.
„Според член 253, граѓаните на Република Македонија може да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност со прописите на внатрешниот ред на Собранието. Јас барам, ако парламентарното мнозинство се чувствува толку силно, мисли дека сè што направиле е во ред, се чувствуваат чесно, го бранат ревносно нивниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да ги отворат портите на Собранието за ние да ги пуштиме родителите на загинатите горе во галеријата да ја следат седницата“, повика Крмов.
Гаши рече дека е неприфатливо родителите од Кочани да бидат пуштени во Собранието бидејќи тоа треба да биде најавено и организирано. Истакна и дека не е добро да се манипулира со чувствата на граѓаните.