Македонија
Брзата размена на информации важна за сузбивање на меѓународниот криминал
Меѓународната димензија на организираниот криминал ја алармира потребата од побрза, поефикасна размена на информации со другите држави
Меѓународната димензија на организираниот криминал ја алармира потребата од побрза, поефикасна размена на информации со другите држави на билатерална основа како и со Европските агенции.Ова, меѓу другото, го истакна денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која денеска учествува на Деветтата регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам, што се одржува во Брдо кај Крањ, Република Словенија.Министерката Јанкулоска нагласи дека Македонија презема решителна активност за постигнување резултати во однос на приоритетите од новото Пристапно партнерство, посочувајќи ги конкретно превземените активности преку донесувањето на новиот Закон за внатрешни работи, како и развивањето на проектот за воспоставување на Националната криминалистичка разузнавачка база на податоци.Инаку, министрите за внатрешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија потпишаа Меморандум за разбирање во врска со поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот. Потпишувањето на Меморандумот за разбирање е дел од активностите кои се превземаат во рамки на Проектот ИЛЕЦУС кој е комплетно финансиран од страна на Европската Комисија.Со проектот се предвидува создавање на Меѓународни координативни единици надлежни за спроведување на законот, со цел поддршка при размена на информации во меѓународните истраги и олеснување на комуникацијата на оперативно ниво. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

