Македонија
Намалени цените на горивата

Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалија за 1,5, а на дизелот за 2 денари за литар.
Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалија за 1,5, а на дизелот за 2 денари за литар.Ова вчера го соопшти Регулаторната комисија за енергетика, додавајќи дека малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,1 насто.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит. Новата цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде поевтино за 1,5 денари и ќе се продава за 37,00 ден/лит. Истовремено малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,564 денари/кг и изнесува 26,762 ден/кг. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтата на светските берзи и курсот на денарот./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.
Македонија
Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес беше пречекан во Приштина од страна на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи. Средбата се одржа во топла атмосфера и се фокусираше на политичката ситуација во двете земји, регионалните предизвици, меѓусебната соработка и загрижувачките случувања во Северна Македонија, извести ДУИ.
Ахмети ѝ се заблагодари на претседателката Османи за топлиот прием и го пофали нејзиниот лидерски ангажман во достоинственото претставување на Косово на меѓународната сцена. Тој ги поздрави успешно завршените избори и изрази очекување за брзо формирање на институциите, како и за потребата од поблиска координација и заеднички ставови во одбрана на заедничките интереси и зачувување на стабилноста, мирот и евроатлантската интеграција во регионот.
Во овој контекст, Ахмети ја изрази својата длабока загриженост за влошувањето на политичката и институционалната состојба во Северна Македонија, каде Албанците се под систематски напад од еден хибриден политичко-олигархиски блок со етнички супремацистички карактер и со политички инжињеринг на албанското претставување.
„Денес, Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор. Уставниот суд се трансформира во партиски инструмент со кој се укинуваат темелите на еднаквоста, како што се употребата на албанскиот јазик и механизмите на Бадентеровото мнозинство и балансерот. Ова претставува флагрантно прекршување на принципот на меѓуетничка еднаквост,“ истакна Ахмети.
Тој додаде дека европската агенда е маргинализирана, а земјата е оддалечена од патот на интеграцијата и соживотот.
За првпат, во јавниот и политичкиот дискурс почнуваат да навлегуваат алтернативни идеи спротивни на мултиетничкиот и унитарен карактер на државата, како што е предвидено со Охридскиот рамковен договор, се додава во соопштението на ДУИ.