Контакт

Македонија

Хајер и Тривју ќе инвестираат девет милиони евра

Објавено пред

Камен темелникот на заедничката фабрика за производство на ЛЦД телевизори и монитори на кинеската компанија Хаер и на корејскиот Тривју

dobivaj vesti na viber

Камен темелникот на заедничката фабрика за производство на ЛЦД телевизори и монитори на кинеската компанија Хаер и на корејскиот Тривју, вредна девет милиони евра, поставен е денеска во економската зона Бунарџик, кај Скопје.Фабриката во скопската индустриска зона, ќе биде на површина од 7.300 метри квадратни, на парцела од 2,5 хектари. Хајер и Тривју прво ќе произведуваат ЛЦД телевизори и монитори, а подоцна и компјутери и други производи. Во првата фаза ќе бидат вработени сто лица, а за четири години 300.„Изборот на Македонија како дестинација за инвестирање и земја од која ќе се освојува европскиот пазар на едни од најдобрите кинески и јужно-корејски компании, како што се Хајер и Тривју, на оваа инвестиција и даваат уште поголема вредност. Таа претставува одлична препорака за сите останати компании од Кина и Јужна Кореја кои како земји претставуваат едни од најголемите економски гиганти во светот,“ рече премиерот Никола Груевски, кој го означи стартот на изградбата на објектот.Потпретседателот на Тривју Џон Фен рече дека носењето одлука да се инвестира во Македонија не било лесно, но се покажало како вистинска. Пресудни во донесувањето на одлуката биле можноста за полесен влез на европскиот пазар, конкурентната цена на работната сила, како и инвестицискиот пакет понуден од ВладатаХаер е најголемиот производител на компјутери во Кина, а Тривју една од најголемите јужнокорејски компании за монитори, телевизори и ЛЦД екрани./крај/фо/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област.

dobivaj vesti na viber

-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.

Тој посочи дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Објавено пред

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства.

На терен активно дејствуваат:
– 1 армиски хеликоптер
– 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ
– 2 теренски возила пинцгауер
– 1 хермелин
– 30 припадници на Армијата
– екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита
– пожарникари од ТППЕ Тетово.

Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат.

Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: До 14 часот се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, 6 се активни

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои: 6 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати.

dobivaj vesti na viber

Активни пожари:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер, пожарот повторно е активиран, со краци во неколку правци
Општина Сарај – до Обиколницата (сува трева)
Општина Желино – се шири кон Тетовско Еребино (сува вегетација и грмушки)

Пожари под контрола:
Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Демир Хисар – Градска депонија (депонија)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

Изгаснати пожари:
Општина Охрид – с. Лескоец (запалена плевна)
Општина Штип – с. Аргулица (деградирана ниска вегетација)
Општина Липково – с. Виштица (деградирана шума)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од...

Македонија3 часа

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized3 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија4 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија6 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија7 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија21 час

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија23 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ23 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија1 ден

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија1 ден

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија1 ден

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија1 ден

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија1 ден

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...