Македонија
Фестивал на пивото и храната во Скопје

Вториот Интернационален Фестивал на Национална кујна и Фестивал на Пиво во Скопје, Гурмански викенд-МОРЕ СОКОЛ ПИЕ….2009″,
Вториот Интернационален Фестивал на Национална кујна и Фестивал на Пиво во Скопје, Гурмански викенд-МОРЕ СОКОЛ ПИЕ….2009″, се одржува од денеска до недела на платото зад тврдината Кале.Во текот на четирите фестивалски вечери скопското Кале ќе биде местото каде што ќе се презентираат разновидни гурмански специјалитети од европските национални кујни и повеќе од триесет видови пиво, од најголемите европски и светски пиварници. Фестивалот на националната кујна и на пивото ќе изобилува со континуирана забава со музика, продажба на ракотворби, уметнички креации и настапи на артисти од Македонија и од Англија, Италија, Словенија, Турција, Франција, Холандија, Хрватска, Шкотска, Албанија, Бугарија, Грција и Србија.Фестивалот ќе биде организиран под една централна платнена стреа, во која што ќе се случуваат сите настани. На плоштадот „Македонија” ќе биде лоциран информативен пункт, каде што граѓаните ќе можат да се информираат за програмата на фестивалот.Во рамките на фестивалот ќе функционираат и стејџови (бини) со континуирана жива музика, бесплатна занимална за деца, настапи на поголем број фолклорни групи, но и разновидни игри и активности, натпревари во пиење пиво, јадење колбаси, влечење јаже, трчање во вреќи и многу други занимливости. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Воздухот во Гази Баба значително загаден, Стефковски побара помош од службите и граѓаните да се откријат сторителите

Во изминатите неколку денови, во делови од Гази Баба беше евидентирано значително загадување на амбиенталниот воздух, што предизвика загриженост кај граѓаните, а особено се чувствуваше во раните утрински часови.
По тој повод градоначалникот Бобан Стефковски информира дека од првиот момент кога ја регистрирале оваа состојба, го задолжил Секторот за инспекциски работи дапочне со вонредни инспекциски контроли за откривање на изворите на загадување и санкционирање на прекршителите.
„Изречени се глоби и изготвени записници за повеќе физички лица за кои постојат докази дека го прекршиле Законот“, изјави Стефковски.
Тој најави и пакет конкретни мерки и активности, меѓу кои мобилен пункт на Вардариште, пришто секој ден од 8 до 22 часот, инспектори од Секторот за инспекциски работи ќе бидат стационирани на дивата депонија со цел постојан надзор и спречување на понатамошни прекршувања.
Стефковски ги повика сите граѓани да соработуваат.
„Доколку имате информација за причинители на загадувањето, ве молам пријавете ги. Само заедно можеме да ги детектираме и санкционираме несовесните поединци“, повика Стефковски кој тврди дека нема да прави компромис со оние што го кршат Законот.
„Загадувањето е кривично дело – тоа е напад врз нашето здравје. Тој воздух го дишам и јас, како и моите две деца. Ве уверувам – ќе направам сѐ за да се откријат и казнат виновниците. Апелирам до сите: граѓани и институции – обединете се со нас во оваа борба!“, додаде Стефковски.
Македонија
Арсовска: Сопственикот на небезбедната зграда во Чаир упати сериозни закани што се пријавени во МВР

Бујар Аземи – сопственикот на 12-катницата во Чаир за која градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека е небезбедна и изградена без документација, одобрение, проект и платени комуналии упатил бројни закани за што е поднесена пријава до МВР, информира Арсовска преку допис до медиумите.
Градоначалничката тврди дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми.
„Вчера Бујар Аземи фатен како дивоградбата се обидува нелегално да ја приклучи на водоводна мрежа, а која веќе нелегално ја приклучил на струја, упати бројни сериозни закани за што е поднесена пријава до МВР! Денес до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставуваме уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир, каде се инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.“, вели градоначалничката.
Арсовска додава дека во нормални услови и нормална држава би ги повикала институциите да реагираат веднаш за заканите и насилието од криминалците, ама живееме во Македонија, каде ако не си со тие на власт, ќе си чекаш некој да те убие зашто очигледно знаат дека нема никој да ги спречи.
Арсовска во текот на вчерашниот ден се вклучи на социјалните мрежи од пред зградата. Соопшти дека затекнале луѓе кои веќе живеат таму, а тие на лице место се заканувале на инспекторите од Град Скопје и им ги исекле гумите со нож. Арсовска во преносот вчера рече дека објектот поседува нелегален приклучок на струја и нелегален приклучок на вода.
Македонија
Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор.
Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење албански јазик.
Прашан за приклучување на Арбен Таравари кон коалицијата и проширување на Европскиот фронт, Беџети рече дека во моментов се прават анализи, а Европскиот фронт ќе се проширува не само со политички партии, туку и со поединци, со невладиниот сектор и со сите оние кои мислат дека Владата носи антиалбански одлуки и која, како што рече, во контуинитет ги деградира правата на Албанците.