Македонија
Едукација на учениците за користење компјутерски програми

Модалитетите за едукација на учениците за користење на апликациите, кои што се инсталирани на училишните компјутери ќе бидат претставени денеска.
Модалитетите за едукација на учениците за користење на апликациите, кои што се инсталирани на училишните компјутери ќе бидат претставени денеска.Начините за употребата на програмите ќе ги претстави министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.На прес- конференцијата ќе присуствуваат и директори на училишта, наставници и ученици кои успешно ги употребуваат компјутерите во наставата. /крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Медицински експерти од Израел на пат за Македонија за да помогнат по трагедијата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар го информирал шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека израелски медицински експерти патуваат во земјава за да помогнат.
Во објава на Икс, Саар исто така изразува сочувство за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот.
„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.
Муцунски му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.
Македонија
Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме, вели Меџити

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани, напиша на социјалните мрежи Изет Меџити првиот вицепремиер и министер за животна средина по трагедијата во Кочани.
„Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно“ објави на фејсбук Меџити.
Македонија
Трагично загинатата пејачка на бендот „ДНК“ беше самохрана мајка: нејзиниот сопруг почина пред четири години

Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотека во Кочани, потврди Факултетот за музичка уметност.
Нејзината колешка Ана Костадиновска, која е придружен вокал за „ДНК“ и предава во средно музичко училиште, е во стабилна состојба и се лекува дома, потврди нејзиното семејство.
Пројковска беше самохрана мајка на две деца.
Таа во текот на својата кариера пееше придружни вокали за речиси сите поп пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез-трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година на 48-годишна возраст.