Македонија
Рудникот „Бучим“ инвестира 10 милиони евра
Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ќе инвестира десет милиони евра нови вложувања за продолжување на работниот век до 2018 година.
Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ќе инвестира десет милиони евра нови вложувања за продолжување на работниот век до 2018 година.Ова денеска го соопшти Стопанската комора на Македонија, додавајќи дека за таа цел е изготвена развојна програма за периодот 2010-2018 година во која се предвидени сите активности, кои менаџментот ќе ги реализира за подолг живот на рудникот, кој на 29 ноември годинава ќе одбележи 30 години работа.Развојната програма се темели на дополнително утврдување на најмалку 33 милиони тони рудни резерви и наскоро треба да почнат геолошките истражувања на новите рудни тела „Бунарџик“ и „Вршник“, како и на централното рудно тело.Во наредните денови ќе биде поставена една од најголемите дупчалки, која ќе се земе на заем од рудникот „Саса“ и која за утврдување на резервите на бакар ќе оди на длабочина до 300 метри.Според програмата половина од инвестициите ќе бидат вложени во геолошки истражувања, а другата половина во набавка и капитален ремонт на опремата и механизацијата.Цената за тон бакар на Лондонската берза се движи околу 6.300 долари./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

