Македонија
Промет од 18,8 милиони денари на берзата
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 18.865.308,48 денари.
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 18.865.308,48 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 16.420.534,48 денари при реализирани 106 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 2.444.774,00 денари при реализирани 36 трансакции. МБИ10 забележа намалување од 0,67%, а неговата вредност се намали на 2.876,25 индексни поени. МБИД оствари незначителен пад од 0,01%, додека вредноста му беше 2.788,38 индексни поени. ОМБ се намали за 0,30%, позиционирајќи се на ниво од 104,95 индексни поени. Од официјалниот пазар најголем промет имаа приоритетните акции на Комерцијална Банка Скопје. Вкупниот промет изнесуваше 10.067.314,00 денари, просечната цена изнесуваше 2.749,88 денари, а се истргуваа 3.661 приоритетни акции преку 3 трансакции, од кои една беше со количина од 3.657 акции. Просечната цена забележа дневен раст од 19,56%. Со промет од 1.854.076,00 денари, Алкалоид Скопје беше на втората позиција по обем на тргување од официјалниот пазар. Просечната цена од 4.866,34 денари оствари дневно намалување од 0,39%. Истргувани беа 381 акции. Со обичните акции на Комерцијална Банка Скопје се оствари промет од 1.136.570,00 денари. Просечната цена изнесуваше 2.990,97 денари, а намалувањето беше 1,51%. Вкупно се истргуваа 380 акции.Најтргувани на редовниот пазар беше акцијата на Адинг Скопје со промет од 920.000,00 денари. Просечната цена која беше без дневна промена изнесуваше 460,00 денари. Истргувани беа 2.000 акции преку 6 трансакции.Со акцијата на Стопанска Банка Скопје се оствари промет од 563.846,00 денари. Просечната цена изнесуваше 265,95 денари, а дневниот пораст изнесуваше 0,31%. Истргувани беа 2.120 акции преку 14 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни2. Алкалоид Скопје3. Комерцијална Банка Скопје4. Адинг Скопје5. Топлификација Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Комуна Скопје 23,79%2. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни 19,56%3. ОКТА Скопје 4,04%4. Македонијатурист Скопје 1,72%5. РЖ Услуги Скопје 1,29% Хартии од вредност со најголем пад1. Тетекс Тетово 2,75%2. Охридска Банка Охрид 2,67%3. Тутунска Банка Скопје 2,65%4. Стопанска Банка Битола 2,33%5. Р.Македонија – Денационализација 03 2,30%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

