Македонија
„Бела ноќ" – Културна Нова Година по петти пат во Скопје
Скопје ќе им се придружи на европските метрополи кои во сабота цела ноќ ке живеат со настаните на манифестацијата „Бела ноќ”
Скопје по петти пат ќе им се придружи на европските метрополи кои во сабота, 26 септември, цела ноќ ке живеат со настаните на манифестацијата „Бела ноќ”. На 25 локации низ градот, Скопјани и останатите гости ќе можат да уживаат во изложби, театар, концерти, перформански на уметници од 12 земји од Европа и светот, меѓу кои Германија, Италија, Албанија, Јапонија, Косово, Франција, Словенија и ШпанијаЌе бидат вклучени сите културни институции на градот (КИЦ, МКЦ, Музејот на Град Скопје, Домот на армијата, Зоолошката градина, Градската библиотека…), како и отворените простори на улицата Македонија, плоштадот Македонија, Старата скопска чаршија, кафулињата. Централниот настан е на плоштадот Македонија во 22 часот и спектакуларниот балет во воздух на групата „Ексос” од Швајцарија, со што официјално ке биде затворено и овогодинешното издание на Младиот отворен театар.Скопје засега е единствениот главен град на Балканот во кој се случува оваа манифестација, заедно со Рим, Париз, Мадрид, Брисел, итн./крај/фоурм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

