Македонија
Здравствени работници нападнати со тупаници и цигла
Мајка и син биле приведени поради физички напад и омаловажување на доктор и медицинска сестра во Градската болница во Кавадарци
Мајка и син биле приведени поради физички напад и омаловажување на доктор и медицинска сестра во Градската болница во Кавадарци.
Во инцидентот, што се случил во саботата навечер, им биле нанесени телесни повреди на доктор идентификуван со иницијали Р.С и на медицинска сестра, идентификувана како М.У.
Здравствените работници биле нападнати со тупаници и бетонска цигла од Д.Ј. (22).
Насилникот, како што соопшти полицијата со тупаници ја удрил сестрата во пределот на рамото, а откако од докторите бил изнесен од Здравствениот дом, се вратил во болницата и со бетонска цигла го удрил Р.С во левата потколеница, а потоа искршил и еден од прозорците на здравствениот дом во Кавадарци.
На инцидентот претходела расправија меѓу мајката на Д.Ј со здравствените работници, бидејќи пациентката немала здравствена книшка.
При апсењето Д.Ј заедно со неговата мајка С.Ј (49) ги омаловажувале полицајците, а напаѓачот се обидел и да побегне, но бил фатен. /крај/со/мс/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потребата од нов Закон за помилување на маса на средбата помеѓу Давкова и Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која стана збор за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
Како што соопштија од кабинетот на Давкова, на средбата беа разменети и аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призмата на правото и правдата.
Македонија
Деспотовски остана без пасош
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој има обврска повремено да се јавува во судот.
Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката, додека според некои информации во јавноста, истата, се однесува на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.
Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.
Македонија
Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.