Македонија
Конференција на тема привлекување инвестиции во сопственички капитал
Деловна средба на тема “Привлекување на инвестиции во сопственички капитал- можности за македонските компании“
Деловна средба на тема “Привлекување на инвестиции во сопственички капитал- можности за македонските компании“ ќе се одржи денеска во Скопје.Настанот е организиран од УСАИД, а на конференцијата присуство најавија над 30 водечки македонски компании, странски финансиски консултанти и инвестициски фондови.Предвидено е повеќе дискутанти да имаат презентации на процесот и условите на добивање на инвестиции во сопственички капитал./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој не е над законот – правдата е спора, но секогаш победува, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска по презентација на резултатите од работата на МВР, упати охрабрување до припадниците на Министерството за внатрешни работи.
Тој им порача да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде.
„Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме. Можеби правдата е спора, но секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже, таа на крај секогаш доаѓа и секогаш победува. Така што, јас можам само да ги охрабрам сите оние припадници на Министерството за внатрешни работи дека никому ништо никој не должи освен на македонските граѓани и на државата, се разбира“, вели тој и додава:
„Ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки, се лаже. Ќе повторам, правдата е бавна, спора, но таа секогаш на крај победува. Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и дека сите оние коишто мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и дека истите ќе бидат одговорни пред законот и пред Уставот. Така што, еве уште еднаш да изразам благодарност до Министерот, од сите вработени во Министерството за внатрешни работи за сето она што го прават изминатиот период и да ги охрабрам, во периодот којшто следи да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде, на целата територија на Македонија како држава.“, вели Мицкоски.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра
Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра.
Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто. За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС“.
Тие знаеле вели Петрушевски, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.
Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати, прашува Петрушевски.
„Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.
Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа“, нагласува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот народ ова нема да го прости
„Европскиот фронт“ денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во земјата.
„’Европскиот фронт’ изразува длабок револт и огорченост поради срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Неговото тврдење дека единствениот службен јазик во земјата е македонскиот, а дека албанскиот е ‘преведен јазик’, претставува не само отворена лага туку и тежок чин на предавство кон албанскиот народ, нашата историја и нашите тешко стекнати права. Шокантно е, но не и изненадувачки, што Гаши – личност избрана за да служи како марионета во највисоката хиерархија на државата – може да падне толку ниско достигнувајќи ниво на самопонижување, кое дури и најжестоките анти-Албанци не би се осмелиле да го допрат. Бараме негова итна оставка од функцијата претседател на Собранието. Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја“, изјавија од „Европскиот фронт“.
Според нив, ова покажува не само недостиг на интегритет на Гаши туку и подготвеност за поткопување на уставните принципи на државата, само за да ја зачува својата позиција.
„Да го потсетиме господинот Гаши за некои непобитни факти: Амандманот пет од Уставот јасно го дефинира албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот. Законот за употреба на јазиците понатаму го консолидира користењето на албанскиот јазик како службен во сите сфери на јавниот живот. Во пракса албанскиот јазик е составен дел од институционалната, културната и општествената структура на нашата земја – реалност што не може да биде избришана со ниеден чин на сервилност. Со негирање на овие вистини Африм Гаши не само што го навредува албанскиот народ туку ја делегитимира и функцијата што ја има. Како претседател на Собранието неговата должност е да го брани Уставот, да ја зачува меѓуетничката хармонија и да дејствува во интерес на сите граѓани, а не да предизвикува поделби, да сее раздор и да го намалува достоинството на втората најголема етничка заедница во земјата“, велат од таму.
За нив, Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција.
„Зборовите на Африм Гаши звучат како реторика на оние што историски настојувале да ги маргинализираат Албанците, да го избришат нашиот идентитет и да ги потценат нашите придонеси во ова општество. Неговите постапки ги предаваат жртвите на генерациите Албанци кои се бореле за еднаквост, претставеност и почит во оваа држава. Африм Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција. Тој не е глас на албанскиот народ и не ги отелотворува нашите вредности, гордост или аспирации. Африм Гаши ја премина границата што ниеден Албанец не ја преминал. Историјата ќе го памети ова предавство, а албанскиот народ нема да го прости“, нагласуваат од „Европскиот фронт“.