Македонија
Италијанска донација за решавање на загаденоста околу ОХИС

Донација од 250.000 евра за изработка на детална студија за изводливост за загаденоста на локацијата Охис во Скопје…
Донација од 250.000 евра за изработка на детална студија за изводливост за загаденоста на локацијата Охис во Скопје и план за примена на технологија за санација, одобри италијанската влада.
За таа цел денеска во Скопје беше потпишан договор меѓу министерот за животна средина и просторно планирање, Неџат Јакупи и директорот на италијанската компанија Даполонија, Марко Кремонини, која ќе ја подготвува студијата.
Предвидено е италијанските експерти во наредните девет месеци детално да ја испитаат загаденоста со линдан и други органски загадувачи на локацијата кај фабриката Охис.
При потпишувањето на договорот, Кремонини вети дека во изработката на студијата ќе бидат вклучени и македонски експерти, на кои ќе им биде пренесено искуство и знаење од оваа област.
Италијанците најавија дека откако ќе ја изготват студијата, ќе се заложат Македонија да добие финансиски средства од некој од фондовите на Европската унија, за решавање на проблемот со загаденоста кај Охис.
Министерот Јакупи изрази очекување дека проектот финално ќе резултира со избор и трансфер на најповолно технолошко решение за санација.
Проектот претставува надградба на досега спроведените активности на министерството за проценка на загадувањето на оваа локација, истакна Јакупи. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.