Македонија
Владата очекува фер извештај од ЕК
Македонската влада очекува фер извештај од Европската комисија (ЕК), во кој напредокот на Македонија соодветно ќе биде елабориран
Македонската влада очекува фер извештај од Европската комисија (ЕК), во кој напредокот на Македонија соодветно ќе биде елабориран.
Ова денеска во Скопје го изјави вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, додавајќи дека напредокот што Македонија го има направени во изминатите месеци е видлив и несомнен.
„Она што ние го очекуваме од Европската комисија е фер извештај во кој тој напредок ќе биде соодветно елабориран“, рече Наумовски, додавајќи дека и кога успехот на Македонија во однос на реформите е видлив тој тешко би можел да биде оспорен со други аргументи.
Одговарајќи на новинарско прашање дали некој ќе понесе одговорност доколку и годинава изостане препораката за датум за преговори, Наумовски нагласи дека сега Владата е фокусирана на очекување на извештајот, кој треба да биде објавен следната среда.
За тоа дали се разгледува какво и да е сценарио во случај на вето од страна на Грција, вицепремиерот за евроинтеграции вели дека во рамките на одредниците – билатералните прашања со другите држави членки на Европската Унија не се опфатени и дека засега ова прашање не го коментира.
„Ние сме насочени кон очекување на извештајот на Европската комисија. Тој извештај ќе го содржи напредокот во рамките на одредниците. Во овој момент Комисијата ќе биде во состојба да препорача или да не препорача почеток на преговорите и во рамките на одредниците не беа опфатени билатералните прашања со другите држави членки“, рече Наумовски. /крај/форум/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

