Македонија
Семинар за евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик

Семинарот за влијанието и терминологијата на правото на Европската унија и влијанието врз македонскиот јазик започна денеска во Скопје
Семинарот за влијанието и терминологијата на правото на Европската унија и влијанието врз македонскиот јазик – „Евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик започна денеска во Скопје.
„Овој процес се одвива во клучните моменти за Република Македонија кога сите сме во исчекување на добивањето на датум за преговори со ЕУ. Една од многуте придобивки од членството во Европската унија е што македонскиот јазик ќе добие статус на официјален јазик во Унијата. Исто така, ова е можност за развој и збогатување на нашиот јазик и неговата стручна терминологија и со тоа, недвосмислено толкување на правото на ЕУ, како и усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија“, истакна на отворањето заменик-претседателот во Владата задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски.
На семинарот кој се одржува денеска и утре во Клубот на пратеници, МАНУ и Филолошкиот факултет има 100 учесници, а предавањата ќе ги држат: проф. д-р Лидија Тантуровска, Институт за македонски јазик, академик Владо Камбовски, проф. д-р Татјана Панова-Игњатовиќ, Катедра за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и проф. д-р Славица Велева, Катедра за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Целта на семинарот, кој го организираат Секретаријатот за европски прашања и норвешката национална програма НОРМАК е запознавање и обучување на целните групи со начините и правилата за утврдување на терминологија по стандардите и во духот на македонскиот јазик, како и подобрување на нивото на квалитет на преводите на правото на ЕУ преку соработка со сите надлежни институции и учесници во процесот на подготовка на национална верзија на Acquis communautaire. /крај/ед/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.