Македонија
Собранието го усвои ребалансот на буџетот

Македонското Собрание го усвои денеска ребалансот на Буџетот за 2009 година, со кој што и приходите и расходите се кратат за 3,2 проценти.
Македонското Собрание го усвои денеска ребалансот на Буџетот за 2009 година, со кој што и приходите и расходите се кратат за 3,2 проценти.
Македонските пратеници, со 65 гласа „за” го усвоија ребалансот на Буџетот по тридневна расправа.
Приходите, според ребалансот се проектирани на 138,459 милијарди денари, а расходите на 149,5 милијарди денари.
Дефицитот останува во претходно проектираните рамки со извесно намалување од околу 300 милиони денари, односно ќе изнесува 2,8 проценти од БДП.
Годинава се очекува пад на економијата за 0,6 насто и стапка на инфлација од 0,1 насто.
Приходите, според ребалансот се помали за 3,2 проценти, при што даночните се пониски за 5,7 проценти, а најголемо е намалувањето кај ДДВ за 6,5 проценти, кај персоналниот данок за два процента и кај царините за 16,7 проценти.
На расходната страна намалени се вкупната маса на плати и надоместоци за три проценти, односно за 684 милиони денари. Намалување има и кај ставката за дневници и службени патувања кај која скратувањето кај некои корисници е и до 50 проценти. Социјалните трансфери остануваат непроменети, а зголемување се предвидува за набавка на лекови и вакцини за новиот грип, нема намалување кај исплатата на субвенциите во земјоделството. Капиталните расходи се намалени за 18 проценти.
Од предвидените проекти се одложува набавката на автобусите за градскиот сообраќај во Скопје, а забавена динамика ќе има кај некои проекти како што се набавка на опрема за лаборатории, Музејот на ВМРО, жичарницата на Водно и други.
Причина за носењето на овој ребаланс, кој е втор по ред годинава, е приспособување на трошењето на државата на реалната состојба во стопанството, како и помалата реализација на приходите.
Парламентарното мнозинство смета дека ребалансот ја отсликува реалната состојба во економијата, но според опозицијата вториот ребаланс годинава не нуди решение за излез на државата од кризата./крај/мп/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.