Македонија
Пратениците за интерпелацијата за Јанкуловска и Јанакиески
Македонското Собрание денеска ќе расправа по интерпелацијата за министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Гордана Јанкуловска
Македонското Собрание денеска ќе расправа по интерпелацијата за министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески.Интерпелацијата беше поднесени од страна на опозициониот СДСМ, поради, како што тврдат социјалдемократите, директна одговорност за несреќата со бродот „Илинден“, во која загинаа 15 бугарски туристи.Веднаш по несреќата на бродот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески поднесе оставка од морални причини, но оставката подоцна не му беше прифатена од премиерот Никола Груевски.„Во секоја сериозна демократска држава, после трагедија во која загинаа 15 странски државјани, виновникот не може да се бара само во капетанот на бродот“, реагираше СДСМ по неприфаќањето на оставката на министерот за транспорт и врски. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК
Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 05 јануари 2024 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт, велат од ЗНМ и го повика МВР да спроведе брза и темелна истрага за утврдување на сите детали и мотиви за овој тежок инцидент.
„Овој случај укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите во земјава. Дополнително, ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес.
Ги повикуваме надлежните институции да преземат итни и конкретни мерки за целосно расветлување на двата случаи, а сторителите мора да бидат идентификувани и соодветно санкционирани. Недозволиво е да постои неказнивост и да се создава простор за шпекулации во јавниот дискурс. Брзото дејствување е од клучно значење за зачувување на слободата на изразување и за спречување на самоцензура кај новинарите“, се наведува во соопштението на ЗНМ.
Македонија
Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, среќен Божиќ, посака ВМРО-ДПМНЕ
„Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера“, се вели во божиќната честитка на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.
Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.
Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.
Нека е честит и вековит празникот Божиќ.
Да е вечна Македонија!
Христос се роди! Навистина се роди!“, се додава во честитката.
Македонија
Разочарани сме од омразата и од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците, велат од ДУИ
„Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом“, велат од ДУИ.
„Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..
Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава.
Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина.
Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање.
Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас“, се наведува во соопштението на ДУИ.