Македонија
Донација за клиниката за онкологија

Медицинска опрема од пет столици-кревети и држачи за инфузомати за хемотерапија беа донирани денеска на клиниката за онкологија и радиотерапија
Медицинска опрема од пет столици-кревети и држачи за инфузомати за хемотерапија беа донирани денеска на клиниката за онкологија и радиотерапија.
Донацијата е резултат на кампањата „Напред розово“ што во мај годинава ја организираше НВО „Борка“ во соработка со американската амбасада, министерството за здравство и компанијата АВОН.
Во акцијата, како што информираше претседателката на Борка Биба Додева имаше околу 2000 учесници, при што беа собрани 360 илјади денари , исклучиво од поединци.
„Средствата веднаш се претворени во апаратура која ќе ја олесни апликацијата на цитостатската терапија“, изјави директорката на клиниката за онкологија Симонида Црвенкова.
Таа информираше дека на клиниката во амбулантски услови дневно се третираат од 120 до 160 болни, а годишно се нудат 14 до 15 илјади услуги.
Кампањата ќе се одржи и наредната година и се очекува да стане традиционална. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)