Македонија
Старделов: Енциклопедијата нема да се повлече, ќе претрпи измени
Енциклопедијата нема да се повлече туку ќе претрпи измени за кои дополнително ќе се разговара на продолжение на седницата на МАНУ…
Енциклопедијата нема да се повлече туку ќе претрпи измени за кои дополнително ќе се разговара на продолжение на седницата на МАНУ, која најверојатно ќе се одржи идната недела.
Ова вечерва го изјави претседателот на МАНУ, академик Ѓеорѓи Старделов, по средбата со академиците на вонредното собрание на Академијата, на која се дискутираше за судбината на првата македонска енциклопедија.
„Седницата се одвиваше во насока на смирување на тензиите“, изјави Старделов, кој потенцираше дека се разговарало само за забелешките и одредниците кои се однесуваат на албанскиот етникум.
На денешната седница не е разговарано ниту за смена на академик Блаже Ристовски кој е главен редактор на енциклопедијата, што воедно беше побарано во заклучоците на Претседателството на МАНУ донесени минатата недела.
Академик Ристовски вечерва не даде изјава за медиумите, а не се обратил ни на денешното вонредно собрание на МАНУ, но се очекува тоа да го направи на продолжението на седницата.
На денешното вонредно собрание на МАНУ, отсутни беа голем дел од академиците. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

