Македонија
Груевски се надева на датум за преговори со ЕУ
Македонскиот премиер се надева на датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, откако државата ја доби препораката
Македонскиот премиер се надева на датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, откако државата ја доби препораката од Европската комисија.Премиерот Никола Груевски во писмото упатено до претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, пишува дека искрено се надева на „соодветна одлука од Европскиот совет во месец декември“.Според процедурите во Унијата, Извештајот на Комисијата за напредокот на Македонија ќе биде упатен до Советот на ЕУ, кој на состанокот во декември треба да го определи точниот датум за почеток на преговори на Македонија за полноправно членство.„Дозволете ми уште еднаш да ја истакнам цврстата определба и посветеност на Владата на Република Македонија, за целосна и доследна реализација на критериумите и препораките содржани во извештајот и натамошно продолжување со реформските процеси во сите сегменти од општественото живеење“, се наведува во писмото на Груевски упатено до Баросо.Македонскиот премиер во писмото исто така изразува надеж за скорешна средба со претседателот на ЕК./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

