Македонија
КСС: Измените во законот за работни односи во прилог на работниците
Сојузот на синдикатите на Македонија сака да ја манипулира јавноста и да создаде слика дека предложените измени на законот за работни односи не одат
Сојузот на синдикатите на Македонија сака да ја манипулира јавноста и да создаде слика дека предложените измени на законот за работни односи не одат во прилог на работницитеОва обвинување денеска го испрати Конфедерацијата на слободни синдикати.Претседателот на Конфедерацијата, Раско Мишковски рече дека забелешките што ССМ ги искажа на протестот во четвртокот се бесмислени и дека нивната цел е да се само рекламираат и да се прогласат за единствена организација што ги штити работничките права. КСС досега одржала повеќе состаноци со Владата, со националните синдикати и со здруженијата на работодавците и сите се согласиле дека предложените законски измени се во прилог на работниците и како такви биле предложени за донесување во Собранието.Вчера по повод протестот на ССМ со свое соопштение се огласи и Министерство за труд и социјална политика, во кое се вели дека измените во законот се со цел да се имплементираат препораките од меѓународните институции и да се усогласат со директивите на Европската Унија./крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

