Македонија
Јанкулоска-Извештајот на ЕК во делот за полицијата е објективен
Министерството за внатрешни работи (МВР) го смета за објективен и конструктивен најновиот Извештај на Европската комисија(ЕК)
Министерството за внатрешни работи (МВР) го смета за објективен и конструктивен најновиот Извештај на Европската комисија(ЕК) за напредокот на Македонија, посебно делот за правда и внатрешни работи. „Извештајот на ЕК во целост ја рефлектира реалната состојба во секторот правда и внатрешни работи“, изјави на прес конференција во петок министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа додава дека во Извештајот јасно е посочен напредокот што Македонија го направила во повеќе области, при тоа истакнувајќи дека земјата е лидер во однос на останатите земји-кандидатки, Хрватска и Турција. „Македонија е најдобро оценета во областа на визната политика, контролата на границите, соработката со судовите, како и во борбата против тероризмот, корупцијата и трговијата со дрога“, рече Јанкулоска. Според министерката за внатрешни, се прават напори за подобрување на меѓународната полициска соработка на регионално, но и на европско ниво. Јанкулоска додава дека позитивниот Извештај само ќе придонесе полицијата да продолжи да ја подобрува работата и во иднина. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, среќен Божиќ, посака ВМРО-ДПМНЕ
„Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера“, се вели во божиќната честитка на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.
Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.
Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.
Нека е честит и вековит празникот Божиќ.
Да е вечна Македонија!
Христос се роди! Навистина се роди!“, се додава во честитката.
Македонија
Разочарани сме од омразата и од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците, велат од ДУИ
„Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом“, велат од ДУИ.
„Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..
Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава.
Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина.
Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање.
Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Скопје
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.