Македонија
Македонија ги исполнува критериумите за борба против трговија со луѓе
Веќе две години по ред Стејт Департментот на САД ја рангира Македонија во групата ТИЕР1, земји кои целосно ги исполнуваат…
Веќе две години по ред Стејт Департментот на САД ја рангира Македонија во групата ТИЕР1, земји кои целосно ги исполнуваат критериумите за борба против трговија со луѓе. Ова, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на Европската унија(ЕУ, земјите кандидати за ЕУ, но и други земји од светот, што се одржува во понеделник и вторник во Брисел, го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. „Во обидите за градење единствен пристап на земјите од Југоисточна Европа за афирмирање на човековите права, но и за борбата против транснационалниот организиран криминал Република Македонија ги прифати и применува сите релевантни документи на Обединетите Нации, Европската Унија, Советот на Европа и Пактот за стабилност“, рече Јанкулоска. Таа додаде дека во Македонија е воспоставен систем на обединување на активностите на државниот и невладиниот сектор, „што во себе ги инкорпорира мерките од идентификација, помош и заштита, вклучувајќи го и враќањето, но кој истовремено е флексибилен да одговори на индивидуалните околности и потреби на жртвите на трговија со луѓе“ Министерката Јанкулоска ги презентираше досега превземените активности од страна на македонската полиција во борбата против трговија со луѓе и илегална миграција, но најави и понатамошни активности за спречување на оваа негативна појава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

