Македонија
Македонците високо свесни за трансплантација на органи

Македонскиот народ е хуман и високо свесен за трансплантација на органи
Македонскиот народ е хуман и високо свесен за трансплантација на органи.Ова го покажа анкета во која учествувале околу 4000 испитаници, а која по барање на Националната фондација за трансплантација ја спроведе GfK групацијата.Идејата за донирање на органи, по својата смрт ја поддржуваат околу 60 проценти од испитаниците, при што 22 насто од нив сигурно би го направиле тоа, а 40 проценти одговориле дека веројатно би дозволиле такво нешто.Профилот на донор во Македонија се жени на возраст од 35 до 50 години, потенцијални мајки, вработени на плата и со средно образование. Трансплантацијата на органи, пак најмалку ја поддржуваат мажите на возраст од 20 до 34 години, високо образовани, со висок приход и најчесто самовработени.„Лично ме радуваат бројките, бидејќи покажуваат дека овој народ е хуман“, изјави доктор Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација.Тој сепак гледа проблем во целата ситуација, бидејќи трансплантацијата во Македонија на дело не функционира.„Мора да се утврди каде е проблемот и да се повикаат експертите да говорат на оваа тема, бидејќи имаме хуман народ од една страна, и закон од друга, но трансплантацијата сепак не функционира“, нагласи Чадиковски.Од земјите во Европа Хрватска има најдобри резултати во донирањето на органи. Интересно е што во западно-европските земји овој тренд е во опаѓање и се почеста е сликата на долги листи на чекање на органи.Македонското министерство за здравство во моментот нема тим кој работи на оваа проблематика. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.