Македонија
Убиство по расправија за градежни работи

Расправија околу изведба на градежни работи на зграда претходела на вчерашното убиство во Скопје
Расправија околу изведба на градежни работи на зграда претходела на вчерашното убиство во Скопје.Полицијата соопшти дека Х.С.(49), кој живеел во зграда на улица.„Џон Кенеди“ во населбата Топанско поле, околу 17 часот со неколку истрели од пиштол го застрелал Фадиљ Ш.(29).Пред убиството имало расправија, бидејќи Х.С.(49) не бил согласен да се изведуваат градежни работи на зградата во која живеел.Осомничениот за убиството самиот се пријавил во полиција./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Македонија
Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје.
Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.
Македонија
Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и како што е соопштено од таму, било упатно назначено кај истите да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.
„Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др.
Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати.
Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.
Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек“, се нагласува во официјалното соопштение.
Ќе биде препорачано, на позитивните пациенти, велат од таму, да се јават на Инфективна клиника.
Нагласуваат дека Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата.
„Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на
последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста“, се потенцира во соопштението.