Македонија
Доделени признанија за промоција на обновливи извори на енергија
Промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност претставува императив за одржлив енергетски развој
Промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност претставува императив за одржлив енергетски развој.
Ваков заклучок е донесен на донаторската конференција за подобрување на економската ефикасност, што во вторникот се одржа во Скопје во организација на министерството за економија.
Како што информираше ресорниот министер Фатмир Бесими, на конференцијата било констатирано дека на глобално, регионално и национално ниво има доволно средства за поддршка на проекти од оваа област.
Воедно Бесими повтори дека Македонија во рамките на својата енергетска стратегија како еден од приоритетите ги има поставено и развојот на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност.
На денешниот настан беа доделени плакати и признанија за придонес за промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, кои имаат за цел да ја поддржат и зголемат употребата на овие извори на енергија во македонската економија.
Министерот за економија Фатмир Бесими доделувајќи ги признанијата најави засилена поддршка на ваквиот начин на производство на енергија.
Плакети им беа поделени на компаниите „Еско Фонко“ и „Коел Север“, како и на секторот за енергетика при македонското министерството за економија.
Признанија за придонес во промоција на обновливи избори на енергија добија Светската банка, УСАИД, ЕБРД, делегацијата на Европската комисија, ГТЗ, како и амбасадите на САД, Норвешка, Италија, Австрија и Холандија за донации во проекти во наведената област.
Директорот на Мисијата на УСАИД, Мајк Фриц рече дека исклучително ниската цена на електричната енергија во Македонија, која е далеку пониска во споредба со сите земји во регионот, не ги мотивира потрошувачите да применуваат мерки за заштеда на енергијата.
Професорот Димитар Константинов, во својство на директор на МАЦЕФ (Центар за енергетска ефикасност на Македонија), на денешната донаторска конференција иницираше формирање на Фонд за енергетска ефикасност.
Овој фонд би се формирал со средства обезбедени од донатори, но подоцна и самата влада би требало да обезбедува средства за негово функционирање, предложи Константинов. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

