Македонија
Половите најрамноправни во Исланд, Македонија 53-та
Најмали разлики меѓу мажите и жените во општеството имаат скандинавските држави, а Македонија е на 53-то место, меѓу 134 земји
Најмали разлики меѓу мажите и жените во општеството имаат скандинавските држави, а Македонија е на 53-то место, меѓу 134 земји.
Ова го покажа извештајот за 2009 година на Светскиот економски форум (WEF) за рамноправноста меѓу половите во општеството, кој ја мери еднаквоста на економски, политички, образовен и здравствен план.
Прв на листата е Исланд, а зад него се Финска, Норвешка и Шведска. Меѓу првите десет на листата се Нов Зеланд, Јужна Африка, Данска, Ирска, Филипини и Лесото.
Македонија на листата за 2009 година го задржала ланското 53-то место, додека во 2007 година била 35-та, а 2006 27-ма.
Најдобра оценка Македонија добила за политичка соработка на жените, каде е рангирана на 47-мо место, па следува економската партиципација и можности (60 место), образованието (79 место) и најлош рејтинг има во областа здравје и преживување, каде е рангирана на 117 место.
Извештајот покажува дека жените во Македонија во работната сила учествуваат со 49 насто, а приходот што би можеле да го остварат е за половина помал од оној на мажите.
Писмени се 95 насто од жените, наспроти 99 проценти од мажите, а очекуваниот животен век за жени е 65 години, а за мажите е 62 години.
На дното на листата се наоѓаат Саудиска Арабија, Бенин, Пакистан,Чад и Јемен./крај/веф/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

