Македонија
Нападот на Љуботен не е меѓународно воено злосторство
Полицискиот напад на селото Љуботен не претставува воено злосторство и не треба да се третира според меѓународното право, тврди одбраната на Јохан Тарчуловски пред Хашкиот суд.„Тоа е случај без директни докази за воени злосторства“, рече Алан Дершовиц, бранител на Тарчуловски.
Полицискиот напад на селото Љуботен не претставува воено злосторство и не треба да се третира според меѓународното право, тврди одбраната на Јохан Тарчуловски пред Хашкиот суд.„Тоа е случај без директни докази за воени злосторства“, рече во четвртокот Алан Дершовиц, бранител на Тарчуловски. Случајот Љуботен не е воено злосторство од таков вид што би требало да се процесуира според меѓународното право, посочи Дершовиц, пред Трибуналот во Хаг , јави агенцијата ДПА.Истакнувајќи дека Тарчуловски е единствениот човек во затвор, како резултат на конфликтот од 2001 година во Македонија, Дершовиц рече дека станува збор за случај што треба да го води Македонија, односно да се процесуира на национално ниво.Во Хашкиот трибунал во четврток се одржува расправа по жалбата поднесена од одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишна затворска казна.Меѓународниот суд за воени злосторства во јули минатата година го осуди Тарчуловски на 12 години затвор за случајот „Љуботен“, а неговите бранители пред една година поднесоа жалба.Адвокатите на Тарчуловски Антонио Апостолски и браќата Ален и Нејтан Дершовиц во жалбата од 15 точки, ќе се обидат да ги убедат хашките судии дека Јохан Тарчуловски е неправедно осуден.Жалбата се темели на тоа дека Тарчуловски има спроведено легитимна акција за самоодбрана и одбрана на Македонија во конфликтот од 2001 година.Хашкиот суд по сослушувањето на аргументите на одбраната и обвинителството се очекува да донесе одлука до крајот на оваа или почетокот на наредната година.Јохан Тарчуловски е во затворот Шевенинген повеќе од 4 години.Хашкиот трибунал за истиот случај го ослободи поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски./крај/дпа/ег/ил/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

