Македонија
Нови камиони ќе го чистат сметот во Скопје

Четири најсовремено опремени камиони за собирање смет во четвртокот свечено ги пушти во употреба градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Четири најсовремено опремени камиони за собирање смет во четвртокот свечено ги пушти во употреба градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
-Досега се стигнати четири, а во почетокот на ноември треба да стигнат и уште два камиони. Цената на едно возило опремено со најсовремени уреди изнесува шест милиони денари, а вкупната инвестиција е 32 милиони денари. На овој начин ќе се подобри ефикасноста во собирањето на сметот бидејќи досегашните камиони со кој оперираше Ј.П. Комунална хигиена беа дотраени и за нивно одржување се трошеа огромни средства-истакна градоначалникот Трајановски.
Тој додаде дека преку вградената ЏПС техника камионите ќе можат да се следат во секое време и на тој начин се воведува европски стандарди во собирањето на сметот.
Во набавката на возилата градот Скопје учествуваше со близу 17 милиони денари, а остатокот ќе го отплаќа комуналното претпријатие во следните четири години.
До крајот на 2010 година градот Скопје и Комуналното претпријатие планираат да набават уште шест возила и на тој начин целосно да го обноват застарениот возен парк./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Палевски првин ја прашал Вања кои и’ се родители за да им испрати слики, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше за грабнувањто на Вања во судот, тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал слики од возрасна жена која требала да биде киднапирана, а во комуникација со него тие ја киднапирале 14 годишната Вања, не знаејќи дека е дете.
Ја грабнале во влезот во зградата, ја врзале, во вреќа за спиење, која претходно ја земале од канцеларија и ја ставиле во гепекот.
„Стигнавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Одма му рековме јас и Влатко бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го пуштиме назад девојчето, бидејќи сме под маски нема никој видено да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, се е чисто“, сведочеше Манев.
Потоа им рекол дека првичната сума која им ја понудил за грабнувањето, нема да може да се земе и дека сумата ќе биде помала.
„Се свртев да гледам кон лозјата, за да видам бидејќи беа некои запуштени лозја кон напуштените соби. За да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав, Палевски пријде на детето со пиштолот и со перниче во рака и го испука куршумот преку перниче и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето“, сведочеше Манев.
Палчо им наредил да закопуваат, а Манев тврди дека плачел. Потоа Палевски го запалил автомобилот на Панче Жежовски.
Тој рече и дека бил натеран со тепање од полициски инспектори, да каже дека Љупчо Палевски бил во комуникација со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Македонија
(Видео) Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека е добро што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски.
СДСМ, рече Кузеска, тоа го поздраува.
Очекуваат скандалот, финансиската афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност.
Според Кузеска, фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.
„Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите. Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција. Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики. Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството. Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ“.
Ете, вели Кузеска, каде завршуваат парите на граѓаните.
Според неа, одговорност за овој скандал мора да има.
Оценува дека првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега, како што додаде, е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство и правдата мора да биде задоволена.
Кузеска нагласи дека тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.
СДСМ, прецизира таа, нема да дозволи оваа афера да биде заташкана, а секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот.
Македонија
(Видео) Николова: Јаневска продолжува со еднострани одлуки за гимназиското образование

На предлог на СДСМ, Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го усвои предлогот за одржување јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование. Водени од ставовите на стручната фела кои своите мислења ги даде во јавноста, сметаме дека оваа јавна расправа е од исклучителна важност бидејќи ќе овозможи поширока дискусија со сите засегнати страни – наставници, експерти, претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и учениците, истакна Даниела Николва, пратеничка на СДСМ.
СДСМ, како што рече Николова, останува доследна на својата заложба реформите во образованието да се носат низ темелен и инклузивен процес.
„За жал, министерката Јаневска во досегашниот процес не покажа подготвеност за вистинска јавна дебата. Наместо да отвори простор за дијалог со експертите и наставниците, таа продолжува со еднострани одлуки кои предизвикуваат сериозна загриженост во јавноста. Начинот на кој досега се турка оваа концепција покажува отсуство на транспарентност и недостаток на слух за критиките и сугестиите од стручната фела.
Затоа, сметаме дека оваа јавна дебата во Собранието треба да се организира поскоро со што ќе се покаже дека е разбрана важноста на овој процес. Само низ искрена и отворена дискусија можеме да донесеме решенија кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците и целиот образовен систем. Универзитетските професори, наставниците, средношколците и сите засегнати страни имаат суштинска улога во креирањето на квалитетен и одржлив образовен систем“, вели пратеничката.
СДСМ, како што најави, ќе продолжи да се залага за подобрување на условите во образованието и за реформи кои ќе бидат во најдобар интерес на учениците, наставниците и општеството во целина.