Македонија
Бан Ки Мун верува во решение за името
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун верува дека новата грчка влада може да постигне договор за долгогодишниот спор за името со Македонија.Првиот човек на светската организација го изјави ова во интервју за грчкиот весник Катимерини, пред посетата на Атина најавена за вторник.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун верува дека новата грчка влада може да постигне договор за долгогодишниот спор за името со Македонија.
Првиот човек на светската организација го изјави ова во интервју за грчкиот весник Катимерини, пред посетата на Атина најавена за вторник.
Бан Ки Мун очекува Македонија и Грција да ги обноват преговорите за прашањето на името, под покровителство на Обединетите нации. Генералниот секретар на ОН смета дека изборот на новата грчка влада го отвора патот за обновување на разговорите
Бан Ки Мун, во Грција ќе учествува на конференцијата посветена на меѓурелигискиот дијалог, а ќе се обрати на третиот форум за миграции и развој.
Генералниот секретар на ОН, како што е најавено во Атина, ќе има средби со шефот на државата Каролос Папуљас, како и со премиерот Јоргос Папандреу./крај/кт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

