Македонија
Професионалните војници продолжуваат со протестот
Професионалните војници ќе продолжат со „протестната стража“ пред Владата откако доцна попладнево незадоволни излегоа по разговорите со премиерот Никола Груевски.
Професионалните војници ќе продолжат со „протестната стража“ пред Владата откако доцна попладнево незадоволни излегоа по разговорите со премиерот Никола Груевски.
Претставници на војниците под договор, соопштија дека без успех заврши двочасовната средба која што ја имаа со премиерот Груевски, министерот за одбрана Зоран Коњановски и министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Од страна на премиерот беше повторено дека владата останува на предлогот за активна резерва, што претходно го предложи Министерството за одбрана, а што за нас е неприфатливо. Ние продолжуваме со протестот пред Владата, а дали истиот ќе го радикализираме ќе биде познато по консултациите што ќе ги одржиме со координативното тело на Здружението на професионалните војници, изјави по средбата во Владата, професионалниот војник Зоран Ангеловски.
Тој додаде дека професионалните војници остануваат отворени за разговори, и оти очекуваат нова средба во Владата со цел да се изнајде обострано прифатливо решение за нивните барања.
Претставниците на над илјада професионални војници ги повторија барањата по 38 – та година од животот, кога според законот им престанува професионалната обврска за служба во Армијата да бидат прераспределени на други формациски места до исполнување на правото на пензија, вработување во судската или граничната полиција или да добијат отпремнини во износ од пет просечни плати за секоја календарска година.
Концептот што го нуди Владата како решение за проблемот со професионалните војници е активна резерва, со што тие би добивале месечен надомест во износ од една третина од просечната плата, заклучно со навршени 48 години од животот./крај/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

