Македонија
Црвенковски – Власта се плаши да го каже ставот за името

Референдумот е вештачки наметната тема од власта која одбегнува да го соопшти јавно својот став за името.
Референдумот е вештачки наметната тема од власта која одбегнува да го соопшти јавно својот став за името. Ова е ставот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, изнесен во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М која ќе се емитува во четврток вечер. Според него, одговорноста за решавање на проблемот треба да ја преземе премиерот Никола Груевски, а не преку референдумот да ја префрла во рацете на два милиони граѓани. „Сакаш да бидеш премиер, сакаш да носиш крупни одлуки сакаш да бидеш власт? Донеси ја одлукава, реши се што ќе направиш, кажи му на народот што ќе направиш. Човекот има психолошки проблем, но ако го реши проблемот ќе дојде на листата кај нас, на предавници и тоа на почесно прво место. Оти, ако ние сме биле предавници за времено решение, овој сега треба да биде предавник за трајно решение“ изјави Црвенковски. За лидерот на опозициската партија изјавата на потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити дека Албанците ќе влезат во НАТО и ЕУ со или без Македонците, е радикална, но не треба да се отфрли. „Таа треба да се земе како некаков индикатор, и тоа во кој правец дека по некое време, не можам да го одредам кое време ќе биде тоа и колку ќе трае. Може да се очекува дека претставниците на албанската етничка заедница во Македонија ќе го постават прашањето: до кога ние ќе бидеме заробеници на митовите и на нерешените прашања од историјата на македонскиот народ“, вели Црвенковски за Алсат-М. /крај/алсатм/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ викендов организира Саем за отчет на градоначалниците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, најави дека на 23 и 24 август во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на кој градоначалниците од оваа партија ќе го презентираат сработеното во изминатиот мандат.
Настанот ќе почне во сабота во 11 часот со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на двата дена ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои градоначалниците, поделени по региони, ќе ги претстават реализираните проекти.
Секоја општина ќе има и свој штанд на кој граѓаните и новинарите ќе можат директно да се запознаат со постигнувањата на локалната власт.
Во недела програмата ќе продолжи од 10 часот, со панели посветени на темите: „4 години развој и прогрес“, „инфраструктурни инвестиции“, „вклученост на граѓаните во носењето одлуки“ и „меѓународна соработка“.
„Разликата меѓу општините во 2021 и денес е огромна и мерлива. Ветените и реализирани проекти ја покажуваат посветеноста и одговорноста на нашите градоначалници,“ изјави Сајкоски, додавајќи дека со овој отчет ВМРО-ДПМНЕ ја покажува отчетноста и транспарентноста кон граѓаните.