Македонија
Талер ја претстави Резолуцијата за Македонија

Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент даде позитивни оценки за Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2009 година, што ја подготви европратеникот Зоран Талер
Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент даде позитивни оценки за Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2009 година, што ја подготви европратеникот Зоран Талер.
„Македонија се наоѓа на значајна раскрсница и добро би било влезот на Македонија во ЕУ да го поддржиме, онака како што ја поддржуваме Хрватска“, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија словенечкиот пратеник Зоран Талер.
Според него, на тој начин, истовремено би се отворила западната и источната врата на Балканот.
Талер ги повика Македонија и Грција да ја искористат шансата и со непосредни преговори на највисоко ниво да пронајдат взаемно прифатливо решение за името.
Само тоа, според Талер, ќе овозможи Македонија да го фати следниот воз за почеток на преговори за членство во Европската унија заедно со Исланд.
Талер, кој минатата недела ја посети Македонија, во извештајот го поздрави подобрувањето на политичкиот дијалог и напредокот во борбата против корупцијата, но изрази загриженост поради големата невработеност, која расте поради кризата./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.
Македонија
Утрово нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 24 до 31 степен.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Облачноста ќе се намали во текот на денот, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, додека максималната ќе достигне до 30 степени.
Од вторник ќе преовладува претежно сончево и ветровито време, со умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.