Македонија
Груевски и Хисени за автопат Скопје-Приштина

Изградба на автопат од Скопје до Приштина беше дел од темите на денешната средба меѓу претседателот на македонската влада Никола Груевски и шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени
Изградба на автопат од Скопје до Приштина беше дел од темите на денешната средба меѓу претседателот на македонската влада Никола Груевски и шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени.
Груевски и Хисени, како што е соопштено во петок во Скопје, разговарале и за разрешување на статусот на раселените лица од периодот на косовската криза, како и за соработка во областите на полицијата, безбедноста и евроатланските интеграции.
На средбата станало збор и за продлабочување на взаемните односи преку склучување договори во сфери во кои се уште не се регулирани односите, како што е избегнувањето на двојното оданочување, заштита на инвестициите, како и договори за прашања од областа на здравството и социјалната политика.
Груевски и Хисени исто така разговарале и за продлабочување на соработката во сферата на енергетиката и генерално продлабочување на економската соработка. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl жалбата на осомничениот А.Ј од С.
„Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А. Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Република Северна Македонија.
Истовремено спрема осомничениот А. Ј. од С. се определени мерки на претпазливост:
– обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје, и
– привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа
При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција.
Делот од гаранцијата понуден и прифатен во готови пари од 72.000.000,00 денари претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан.
Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се истакнува во официјалното соопштение од судот.
Јахоски е дел од истрага против 13 лица и една фирма за злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани.
Претходно судот ја одби гаранцијата од еден милион евра во замена Јахоски да биде пуштен од притвор.
Македонија
Промоција на новиот готвач на Dave’s Kitchen „Брзо и забавно готвење“ во Веро Џамбо – трета книга со рецепти на Давор Панчевски

Во Веро Џамбо, на 10 мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen. Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија.
Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно.
Посетителите на промоцијата ќе имаат можност да го купат новиот готвач, да дегустираат специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, да се запознаат и да се советуваат со авторот и да уживаат во една убава атмосфера и вистинско кулинарско доживување.
Поканата е отворена се сите љубители на вкусната храна кои ќе имаат можност да добијат инспирација за брзо и креативно готвење и да запознаат луѓе со слични интереси.
Забавата од кујната на Dave’s Kitchen в сабота во Веро Џамбо ќе биде незаборавно гастро искуство!
ПР
Македонија
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ пак излажа: пратениците не го изгласаа предлогот за незастарливост на дела против службената должност“, велат од Левица

На денешната седница на Собранието, на Дневен ред се најде и предлогот за измена и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката група на Левица. Измените предвидуваа дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и незастарчивост на кривичните дела кои се однесуваат на економски криминал и злоупотреба на службената должност, извести партијата Левица.
По овој предлог на Левица гласаа само 18 пратеника, односно, парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ – не гласаше и не се произнесе по овој Предлог-закон.
Предлогот го образложи пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој потсети дека вакви измени налага одлуката на Уставниот суд, но беа и дел од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ: „Ако има некаква политичка кичма денеска, овој предлог треба да добие поддршка. Затоа што оваа владејачка партија сегашна и нејзиниот лидер, сегашниот претседател на Владата, рече дека ќе иницира промени во Кривичниот законик кои ќе ги анулираат оние од ноември 2023 година“ – рече тој.
„Буквално беа аболицирани сите работи кои директно влијаеа на квалитетот на животот, на реформскиот капацитет за Европска Унија, за која нели се целите и стремите и барате гласови. Но, резултати нема. Единствениот резултат е што оние кои се огрешиле од државниот апарат, сега можат многу побезбедно да дишат. Корупцијата е дефинирана рак-рана во македонското општество, и овие измени кои ги предлагаме се акутна терапија за македонскиот контекст. И тоа сите во оваа просторија го знаеме, дека она кое го храни најповеќе магепсаниот круг на нашата стагнација – се коруптивните зделки помеѓу политичката и бизнис елитата“ – потенцираше Мециновиќ.
„Затоа, јавноста беше згрозена. Меѓународната заедница реагираше. Европската унија бараше, но, во македонското Собрание се случуваше какафонија и покрај сите повици за разум. И откако се случи најголемата трагедија во македонското општество во поновото време, а тоа е трагедијата во Кочани, многу функционери кои се директно вмешани во резултатите кои ги имавме трагични, нема да ги стигне правдата заради Кривичниот законик кој беше изменет во ноември 2023 година“ – потсети пратеникот.
„Измените кои ги нудиме се однесуваат на две работи. Иако во тие измени тогаш беше променета и казнената политика и периодот за застарување на делата, ние денеска нудиме одредбите кои се однесуваат на застарување на делата да бидат дуплирани, па така – сите рокови да бидат дуплирани за да се овозможи да биде остварена правдата. Затоа што во Македонија гледаме дека жртвите и нивните семејства и нивните најблиски не можат никогаш да бидат утешени преку соодветен процес на правда и задоволување на правдата. Свесни сме сите дека во судството и во обвинителството се злоупотребуваат кратките рокови за застарување за да се заташкаат дела. За тоа постојат и ценовници. За тоа постојат и притисоци. За тоа постои и Ваша пракса, колеги, која најдобро ја знаете“ – појасни Мециновиќ во однос на предлогот за дуплирање на роковите за застарување на сите кривични дела.
„Покрај роковите за застарување, нудиме и додавање на економскиот криминал во плејадата на дела кои не можат да застарат. И тие дела поврзани со економскиот криминал би биле поврзани со злоупотребата на службената должност и целата глава во врска со злоупотребата на службената должност т.е. тие дела да не можат да застаруваат“ – објасни пратеникот во однос на предологот за незастарување на делата кои се однесуваат на службената должност.
„Јас сум свесен дека овие измени се однесуваат на некои од вас, но не сме ви ние криви. Вие се наоѓате во Собранието на Република Македонија и две години се бараат овие измени од вас. Така да, веројатно е тешко да се надмине личниот интерес кога се работи за казнената политика. Но, ова е една од работите кои ги засегаат граѓаните во Македонија, особено во последниот период кога сфатија дека не е потребен само трансфер на власт за да се смени нешто, туку дека секој трансфер на власт само го легитимира процесот на девалвирање на сите услови на живот во Македонија. Зошто? Затоа што преку корупција во Македонија треба да се создаваат милионери. И тие милионери да бидат аболицирани од кривична одговорност со нивните пријатели во политиката кои ја овозможуваат нивната генеза воопшто со нивното политичко постапување. Затоа сметам дека ова ќе ви биде лесно да го прифатите во однос на Вашите ветувања. Затоа што се во јадрото на Вашите ветувања за овој мандат, ветувања на вашите лидери, ветувања на вашите политичари, ветувања на вашите аналитичари и медиуми блиски до вас“ – кажа пратеникот Мециновиќ, но парламентарното мнозинство, сепак не гласаше по овој предлог.