Македонија
САД – Можно е решение за името
Американската администрација изрази оптимизам во врска со грчко-македонските разлики околу името, оценувајќи дека, прашањето може да се реши.
Американската администрација изрази оптимизам во врска со грчко-македонските разлики околу името, оценувајќи дека, прашањето може да се реши.
„Точно е дека договор е можен, а важно е и да се реши во интерес на двете земји. Меѓутоа тие треба да постигнат согласност“, изјави американскиот помошник државен секретар за Европа, Филип Гордон.
Тој ова го истакна во одговор на прашање на македонскиот сервис на радиото Глас на Америка, коментирајќи ја неодамнешната изјава на сенаторот Бен Кардин, дека спорот меѓу Грција и Македонија околу името е решен, доколку двете страни се подготвени на „разумни отстапки“.
Стејт департментот во петокот ја повтори американската подршка за евроатлантската интеграција на Македонија, за која клучна пречка е името.
Главниот заменик помошник на државниот секретар за Европа, Ненси Мек Елдонеј на средба со претседателот на македонското собрание, Трајко Велјановски, кој е во официјална посета на Вашингтон, искажа признание за стратешката определба на Македонија за евроатланското интегрирање.
„Направивте одлична работа за вашата држава, за нејзините граѓани и во исто време добивте вистински пријател. Сметајте дека вашите цели за вашата држава се и наши цели за вашата држава“, истакна Мек Елдонеј, на средбата со Велјановски, соопшти кабинетот на спикерот. /крај/воа/мс/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

