Македонија
Над 600 милиони евра од ИПА фондовите
Околу 622 милиони евра би можела да повлече Македонија од ИПА фондовите до 2013 година, кои треба да се искористат ефикасно со цел европската економска интеграцијата да биде успешна. Ова во средата во Скопје беше констатирано на експертска дебата на тема
Околу 622 милиони евра би можела да повлече Македонија од ИПА фондовите до 2013 година, кои треба да се искористат ефикасно со цел европската економска интеграцијата да биде успешнаОва во средата во Скопје беше констатирано на експертска дебата на тема како Македонија поуспешно да оствари економска европска интеграција и како подобро да бидат искористени европските ИПА фондови.На настанот, кој го организираше фондацијата „Конрад Аденауер“, македонската бизнис заедница имаше можност да слушне повеќе совети за тоа како може да се стигне до средства од европските фондови. Македонскиот министер за економија Фатмир Бесими смета дека за користење на ИПА фондовите потребно е подготвеност на државната администрација, размена на искуство со други земји кој го поминале тој пат, вклучување на експертската јавност, како и на деловната заедница.„Многу е битно колку ефикасно ќе се искористат овие средства со цел нашата економија да стане конкурентна за европскиот пазар и да обезбеди подобро деловна клима за инвестиции“, рече Бесими.Економскиот претставникот на канцеларијата на Европската комисија во Македонија, Лукас Мелка смета дека најголема придобивка на земјата што може да ја извлече од европските фондови е да осигура поголема имплементација на ИПА фондовите.„Вистинската добивка од ИПА е самата структура и политика на финансирањето. Тоа е поголема добивка за земјата и од самите средства што ќе влезат. Имајте на ум дека ИПА треба да направи силно влијание во социјално-економскиот развој“, рече Мелка. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

