Македонија
ЕУ во потрага по млади новинарски sвезди

Генералниот директорат за проширување на Европската унија (ЕУ) ја претставува Европската награда за млади новинари за 2010 година.
Генералниот директорат за проширување на Европската унија (ЕУ) ја претставува Европската награда за млади новинари за 2010 година.
На конкурсот, што се организира трета година по ред, ќе бидат наградени најдобрите млади новинари фокусирани на проширувањето на Унијата.
Европската награда за млади новинари е предизвик за новинарите и студентите по новинарство на возраст меѓу 17 и 35 години.
Натпреварот се одржува во периодот од 20.октомври 2009 година до 28.февруари 2010 година. Новинарските дела од печатените медиуми, Интернет и радио станиците објавени во тој период, можат да бидат пријавени од граѓани на земјите членки на Унијата, земјите со кандидатски статус, потенцијалните кандидати или Исланд.
Вкупно 36-те национални победници ќе бидат избрани од официјални жирија во секоја земја учесничка. Потоа, интернационално жири ќе ги избира најдобрите во три категории: ‘‘Најоригинални‘‘, ‘‘Најдобро истражување‘‘, и ‘‘Најдобар новинарски стил‘‘. Секој од трите добитници на Специјалната награда ќе добијат како награда културно патување во главен град на европска земја по свој избор.
Победниците на конкурсот за Европската награда за најдобар млад новинар за 2010 година, ќе го посетат Истанбул во мај 2010 година во културна и историска посета. Патувањето ќе заврши со Конференција на која ќе бидат разменети размислувања со водечките интернационални аналитичари за Европската култура, идентитет и проширувањето на Унијата./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ најави нов скандал: „Поврзан е со тендерските мрежи на ДПМНЕ“

СДСМ извести дека денеска на прес-конференција ќе објави нов скандал „поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, на нивните омилени фирми преку кои се испумпуваат парите на граѓаните“.
Прес-конференцијата ќе се одржи во 12 часот во седиштето на СДСМ, на којашто ќе се обрати Богданка Кузеска – портпаролка на партијата.
Македонија
Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан.
Таа оцени дека Глобалниот форум во Баку во изминативе години прерасна во една од најважните меѓународни платформи, што ги адресира најважните регионални и глобални прашања.
„Мултилатерализмот отстапува пред мултиполаризацијата. Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност. Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни. Консензусот по Втората светска војна се доведува во прашање. Како да живееме на почетокот на една нова ера во која се поткопува меѓународниот систем втемелен на правила“, рече претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Форумот.
Во контекст на актуелните геополитички превирања, претседателката посочи дека од ден на ден имаме сѐ повеќе прашања, а сѐ помалку одговори, а светот станува многу поразлично место.
Таа изрази уверување дека Глобалниот форум во Баку може да понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на мирот, како врвен заеднички интерес.
Главно обраќање на свеченото отворање на настанот имаше претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, а меѓу говорниците беа и претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.
Македонија
Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Општина Центар ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во периодот од 15 до 20 март. Поради позитивните реакции и успехот на акцијата реализирана во февруари, зголемен е бројот на пунктови на кои граѓанитe ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад, информираат од општината.
Станува збор за следните локации:
– Капиштец, кај Цветен пазар, улица „Народен Фронт“;
– Капиштец, паркингот спроти Завод за вработување, улица „Васил Ѓоргов“ бр. 32;
– Буњаковец, позади ООУ „Ј. Х. Песталоци“, улица „Апостол Гусларот“;
– Дебар Маало, кај кружниот тек, улица „Антоние Грубишиќ“ бр. 20;
– Соборен храм, кај спортското игралиште, улица „Орце Николов“ бр. 22
– „50 Дивизија“ бр. 39, во близина на Клинички центар.
„Иницијативата е одлично прифатена од граѓаните, поради што поставивме дополнителни локации во повеќе центарски населби. Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од овој вид отпад. Да внимаваме на чистотата и да придонесеме кон поздрава животна средина“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање и вклучува собирање на кабаст отпад во текот на три месеци, почнувајќи од февруари до април, во периодот од 15 до 20 во месецот.
Покрај ова, службите на општината активно спроведуваат обемна кампања за чистење на јавните површини под мотото „Центар не чека, Центар чисти“, додаваат во информацијата.